Анатолиј Чубаис во болница, може да е отруен


  Висок функционер на Путин, кој даде отказ на функцијата и ја напушти Русија во знак на протест против Украина, итно е префрлен на интензивна нега откако ненадејно доживеа акутна вкочанетост во рацете и нозете. Специјалисти во костуми „хазмат“ ја прегледале просторијата каде што се заболел Анатолиј Чубаис (67) во неодредена западна земја во Европа. […]

Пендаровски: Немам разбирање за референдумот на ВМРО-ДПМНЕ


Немам никакво разбирање на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдум, станува збор за манипулација која Христијан Мицкоски ја прави прилично неочекувано, изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски. Зборувајќи во интервју на телевизија Канал 5 дали е за референдум за францускиот предлог, Пендаровски рече дека тоа што Мицкоски го прави е политичка мобилизација на своето членство. „Се мачат […]

Илинден ќе се слави како никогаш досега


Под слоганот „Илинден – нашата сила за иднината“, годинава, се одбележува 2 Август – Денот на Републиката – Илинден. Во таа чест, делегации на Владата , на Собранието  и на претседателот на  Македонија ќе го чествуваат празникот преку голем број свечености. И оваа година, граѓаните на Република Северна Македонија го слават националниот празник почитувајќи ги […]

Врие на Косово, затворени премините Брњак и Јариње


Косовската полиција вечерва соопшти дека ги затворила премините Брњак и Јариње за патнички сообраќај и возила.Во соопштението објавено на Фејсбук страницата на полицијата се наведува дека премините се затворени поради блокадите на патиштата кон Јариње и Брњак. Граѓаните се известуваат за сообраќај да користат други премини.  По најавата на Приштина дека од утре ќе почне примената на одлуката за пререгистрација на возила […]

Пендаровски: Илинден го славиме исто, како децении наназад


 На 2 Август во манастирот Прохор Пчински ќе има црковно-државна делегација од македонска и српска страна, вели претседателот Стево Пендаровски. Зборувајќи во интервју за телевизија Канал 5 што ќе славиме на 2 Август и дали е нешто сменето со потпишувањето на Протоколот, Пендаровски рече дека Илинден го славиме исто, како што го славиме децении наназад. […]

Санчез: Ја ставивте иднината на земјата пред било кој друг интерес


Македонскиот и шпанскиот премиер,  Димитар Ковачевски и Педро Санчез Перез-Кастехон, денеска остварија тет-а-тет средба на која уште еднаш беше потврдено силното пријателство помеѓу Кралството Шпанија и нашата земја, кое понатаму ќе се продлабочува. На средбата беше истакнато дека Шпанија е докажан поддржувач на  Македонија во нејзините евроинтегративни процеси, што е од исклучително значење за нашиот […]

Ноќеска ветер, а утре сончево со мала локална облачност и температура до 35 степени


  Времето денеска беше сончево и топло со мала локална облачност во северните делови. Од пладневните часови облачноста се прошири во останатите делови од земјата и особено во штипско и во делови од Пелагонија почна да засилува северен ветер. Попладнево повеќе облачност имаше во западните делови од земјата и таму понекаде имаше краткотраен пороен дожд. […]

„Охридско лето“ како храм на европската култура- дипломатите ги поддржуваат уметниците


Традиционалните вечери на фестивалот „Охридско лето“ што досега се одржаа, Вечер на Европска унија, Српска вечер, Италијанска вечер и Француска вечер беа вистински празник за љубителите на културата. Концертите одржани во рамките на овие вечери ги донесоа најдобрите уметници од нивните земји, а во редовите на публиката беа и дипломатите кои несебично ги поддржаа настаните […]

Како Крушево ќе го одбележи Илинден?


Крушево од 1-ви август ги живее најхеројските денови во својата историја.Периодот на Илинденско востание е првиот од неколку Илиндени кои го означуваат опстанокот на државата. Од 1-ви до 10-ти август со богата програма, многу музика, изложби и култура Куршево ќе ги одбележи 10-те дена Крушевска Република.   Програмата започнува во понеделник на 1-ви со поворка […]

(Во живо) Официјален пречек на шпанскиот премиер Педро Санчез


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, го пречека претседателот на Владата на Кралството Шпанија, Н.Е. г. Педро Санчез Перез-Кастехон, кој штотуку слета на Меѓународниот аеродром Скопје. Вицепремиерот Маричиќ му посака топло добредојде на шпанскиот премиер, Педро Санчез, и изрази големо задоволство од неговата посета, која е уште една потврда дека нашата […]

Маричиќ: Сега сѐ е во наши раце, нема ништо спорно во содржината на уставните измени


 Сега се е во наши раце и тоа е добро, не зависиме од која било друга држава и мислам дека ако мудро, умно и одговорно се постави секој пратеник и секоја политичка партија процесот на уставни измени ќе може да се направи до крајот на скринингот, смета вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Зборувајќи за […]

Американец од Илиноис на лото доби над 1,3 милијарди долари


Шесте магични бројки на лотото „Мега милиионс“ овојпат, за разлика од претходните извлекувања, беа погодени, со една од најголемите награди во историјата на САД во висина од 1,3 милијарди долари. Синоќа се дозна дека добитното ливче е извлечено во сојузната држава Илионис, идентитетот на среќникот не е утврден. Добитникот може да ќари неколку стотици милиони долари во […]

Украински житен тајкун загина во руско гранатирање на Миколаев


Еден од најбогатите украински бизнисмени е убиен со сопругата во „масовното“ руско гранатирање на јужниот град Миколаев. Олексиј Вадатурски (74) и неговата сопруга Раиса загинаа кога проектил го погоди нивниот дом во текот на ноќта, соопштија украинските медиуми. Вадатурски беше сопственик на Нибулон, група која се занимава со извоз на жито. Ја доби и наградата […]

Давеник изваден од Охридското Езеро


Седумдесет и седум годишно лице било пронајдено удавено пред хотел на Охридското крајбрежје. СВР Охрид денеска соопшти дека вчера околу 15 часот и 15 минути случајот бил пријавен во полиција. – Во СВР Охрид е пријавено дека на плажа пред хотел на охридското крајбрежје, од водите на Охридското Езеро бил извлечен Р. М. (77) од […]

Почина Нико Палигора, познат македонски стопанственик


  По кратко боледување, во Скопје на 86-годишна возраст почина познатиот македонски бизнисмен Нико Палигора. Палигора е роден во 1935 година во Маловиште, Битолско и еден од личностите кој оставил силен белег во период на обновување на Битола. Беше директор на „Металец“, а потоа и на важни функции во „Технометал Вардар“. Во периодот од 1980 […]

Првиот брод со украинско жито може да тргне утре


Портпаролот на турското претседателство денеска потврди дека постои „голема веројатност“ првиот брод со украинско жито да го напушти украинското пристаниште Одеса утре наутро, според условите од договорот постигнат на 22 јули со Русија. – Постои голема веројатност првиот брод да може да тргне утре изутрина доколку до вечерва се е регулирано, изјави Ибрахим Калин во интервју за […]

Австријка нашла 18 скорпии во куферот по враќањето од одмор во Хрватска


Австријка од Натербах, која се вратила од одмор во Хрватска, се шокирала кога во куферот нашла 18 скорпии. Локалните медиуми јавуваат дека ова се случило на 23 јули, а тоа е третпат во помалку од една година, туристи кои се враќаат од Крк, Хрватска во Австрија да пријават дека нашле скорпии. Во куферот на оваа […]

Владата ќе бара оптимална цена за тестовите за Ковид-19


– Во разговори со претставници на јавното здравство и на приватните здравствени установи треба да се бара начин за формирање на оптимална цена на тестовите за Ковид-19, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговарајќи на новинарско прашање како ќе се подобри состојбата со оглед дека тестови нема во државните установи, а граѓаните алармираат на високи цени […]

Ковачевски: Нерелевантно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдум


Премиерот Димитар Ковачевски го оцени како нерелевантно барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да се одржи референдум за прашање за кое ни самиот се уште не се решил како ќе гласи. ВМРО-ДПМНЕ, според премиерот, треба прво идеолошки да расчисти кај себе, дали сакаат да ја видат Република Северна Македонија членка на ЕУ или не. […]