Австријка нашла 18 скорпии во куферот по враќањето од одмор во Хрватска


Австријка од Натербах, која се вратила од одмор во Хрватска, се шокирала кога во куферот нашла 18 скорпии.

Локалните медиуми јавуваат дека ова се случило на 23 јули, а тоа е третпат во помалку од една година, туристи кои се враќаат од Крк, Хрватска во Австрија да пријават дека нашле скорпии.

Во куферот на оваа Австријка имало една скорпионка и нејзините 17 подмладоци.

Таа веднаш го повикала Центарот за заштита на животни во Гусентал.

Од таму, скорпиите се се префрлени во засолниште за животни во Линц. Таму чекале да се јави некој кој ќе оди во Хрватска, за да ги превезе животните на Јадранот.

„Мојата пријателка работи во засолништето и ме праша дали би ги вратила назад скорпиите. Сите во моето семејство многу сакаме животни, па не се двоумевме“, вели Сабине Волфсегер, која со сопругот Евин и со ќерката во четвртокот стигнале на Крк.

При транспортот немало никакви проблеми, а имале и документација, во случај на проверка на граница.

Кон крајот на мај, ојов пат од Линц, открила скорпии по враќањето од Хрватска. Таа ги забележала дури по три недели.

Во светот има околу 600 вида скорпии, но смртоносен е убодот само од неколку вида.

Најпознат вид скорпии се италијанските скорпии (Euscorpius italicus) и карпатските скорпии (E. carpathicus), чиј убод кај човекот предизвикувата само помало црвенило.

Во Хрватска има седум вида и сите се од родот Euscorpius, а живеат на крајбрежјето. Тие никогаш нема да нападнат намерно, туку само ако случајно ги згазнеш и ако влезат во облеката.