Таравари имаше средба со првиот човек на Тирана


Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во Тирана имаше средба со првиот човек на Тирана, Ерион Велиај.   На средбата, покрај размената на искуства од различни области, се разговараше и за можноста за создавање поврзувачки мостови за стимулација и интеракција на младите од Тирана и Гостивар..   Бидејќи Тирана годинава е прогласена за европска младинска престолнина, […]

Владата подготвува нови антикризни мерки


Владата и Министерството за финансии подготвуваат нови антикризни мерки за компаниите и граѓаните и штом ќе бидат изготвени тие ќе бидат презентирани на јавноста, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, по посетата на Тетово. – Министерството за финансии и во моментов, на неработен ден, работи на дефинирање на конкретни мерки и штом ќе бидат готови ќе […]

Почина поранешниот филипински претседател Фидел Рамос


Поранешниот филипински претседател Фидел Рамос, кој ја водеше земјата низ редок период на филипински мир и напредок, почина денеска на 94-годишна возраст, објавија високи претставници. Овој војник од кариера беше претседател на земјата од 1992 до 1998 година. „Со голема тага дознавме за смртта на поранешниот филипински претседател Фидел В. Рамос“, рече Трикси Круз-Анџелес, портпаролка […]

Илинденскиот викенд ја наполни oхридско-струшката ривиера


Преполни чаршии, кафулињата и рестораните исполнети до последното место, а се бара и кревет повеќе во хотелите и кај приватните станоиздавачи. Слична слика е и на плажите, Охрид и Струга го живеат шпицот на туристичката сезона. Пред Илинденскиот викенд по традиција ги наполни двата крај езерски града. Бројните ноќни забави, фестивали, музичко сценски перформанси во […]

Вучиќ: Од полноќ Приштина ќе спречува влез со српски лични карти


И покрај потпишаните договори, владата од Приштина наметнува работи на кои нема право, пред се на народот на северот на Косово, порача претседателот на Србија Александар Вучиќ во денешното обраќање до јавноста. „Ситуацијата за нашиот народ на Косово и Метохија е многу комплицирана и сложена“, изјави Вучиќ, кој, како што рече, смета дека Србија никогаш […]

Гир: Ако не го смените Уставот преговарачкиот процес ќе запре


 Преговорите се отворени и скринингот започна. Одржувањето на наредната меѓувладина конференција зависи од билатералниот договор меѓу двете засегнати земји. Ако не ги направите уставните измени веројатно преговарачкиот процес ќе запре и ќе се чека решавањето на ова прашање, вели евроамбасадорот Дејвид Гир во неделното интервју на Радио Слободна Европа. – Со начинот на којшто договорот […]

Од патарини државата заработила речиси 9 ипол милиони евра за три месеци


 Приходите од наплата на патарина на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во првиот квартал годинава изнесуваат 581.137.560 денари, односно 16,37 проценти од вкупно планираниот  приход во тој основ за 2022 година. Во споредба со истиот период лани  приходот од патарини е поголем за 6,81 процент, односно за 37.070.841 денар, покажува Извештајот за финансиското работење […]

Газпром: Продолжуваме да испорачуваме гас за Европа преку Украина


 Рускиот енергетски гигант „Газпром“ соопшти дека продолжува да испорачува гас за Европа преку Украина. Компанијата посочи дека испорачаната количина преку Украина на мерната станица за гас „Суџа“ е на одржливо ниво од околу 42,2 милиони кубни метри. За денеска изнесува 42,2 милиони кубни метри наспроти 42,1 милион вчера, што е благ пораст. „Газпром“ додаде дека […]

Во САД избодени пет лица додека се спуштале по река


 Маж (52) од САД е обвинет за убиство на тинејџер и повредување четворица возрасни додека се спуштале по река во Висконсин. Осомничениот, кој е од Минесота, со нож избодел пет лица додека пливале по реката Епл, при што убил 17-годишник, а четворица се здобиле со тешки повреди, објави Ен-Би-Си Њуз. „Една жена и тројца мажи […]

Во Црна Гора регистриран првиот случај на мајмунски сипаници


 Во Црна Гора е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници кај црногорски државјанин кој е во добра општа состојба, соопшти денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).   „Лабораторијата на Одделението за молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, во соработка со Институтот за вирусологија, вакцини и серуми ‘Торлак’, го откри и го […]

Разводнет европскиот план за заштеда на гас


Супституција, солидарност и заштеда се водечките принципи на итниот план за зачувување на гас на ЕУ. И покрај отпорот на некои земји членки, министрите за енергија се усогласија околу предлог, разводнет со исклучоци. Во вторникот министрите за енергија на ЕУ официјално го потпишаа планот за заштеда на гас, со Унгарија како единствен противник. Планот предвидува […]

Кинеска ракета тешка 22,5 тони паднала и неконтролирано се движела кон земјата


Кинеска ракета падна на Земјата во саботата над Индискиот Океан, а НАСА наведува дека Пекинг не ги споделил „специфичните информации за траекторијата“ потребни за да се утврди каде би можеле да паднат остатоците. Американската вселенска команда соопшти дека ракетата „Долг марш 5Б“ повторно влегла во атмосферата на Земјата над Индискиот Океан околу 12:45 часот по […]

Осилото од Јасеновац


Веднаш беше јасно дека одбивањето на Александар Вучиќ да го посети Јасеновац би предизвикало запаливи опашки, па оставив приказната да се одигра до крај. Да се ​​разбереме, хрватските власти беа во право што ја одбија таа посета бидејќи не беше во согласност со дипломатскиот протокол, туку како водоносец служеше Милорад Пуповац, кој со буре вода […]

Бајден повторно позитивен на коронавирусот, се враќа во изолација


Американскиот претседател Џо Бајден повторно е позитивен на корона вирусот, нешто повеќе од три дена откако доби дозвола да излезе од изолација поради претходна инфекција, соопшти Белата куќа. Лекарот од Белата куќа Кевин О’Конор рече дека Бајден е „симптоматичен и се чувствува прилично добро“. Во согласност со упатствата на американскиот Центар за контрола и превенција […]

Зеленски нареди евакуација на Доњецк


Украинската влада нареди задолжителна евакуација на Доњецк, источниот регион кој е сцена на жестоки борби со руските сили, изјави доцна синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во вечерното телевизиско обраќање до јавноста, Зеленски рече дека стотици илјади луѓе кои се уште се во конфликтните зони во пошироката област на Донбас исто така мора да си заминат. […]

Раскажани, но недоистражени илинденски приказни


 Навидум дремливо, но историски освестено, Крушево е секогаш подготвено за добредојде. И да раскаже приказни. Историски, илинденски, од секојдневието. Погледот на секоја куќа, дуќаните, на Коријата, на споменичните обележја, на музеите (ги има седум) секој момент може да ги распостелат приказните и сведоштвата. Но и, навидум, обичните улици ги чуваат сведоштвата. Раскажани, помалку или повеќе, […]

Русија ги повика ОН и Црвениот крст да ја истражат смртта на украинските затвореници


Русија повика експерти од Обединетите нации и Црвениот крст да ја истражат смртта на десетици украински воени затвореници во затвор што го држат проруските сепаратисти, соопшти утрово руското Министерство за одбрана. Министерството во соопштението наведува дека се постапува „во интерес на спроведување објективна истрага“ за нападот на затворот на почетокот на оваа недела. Сепаратистите рекоа […]

На Табановце и Богородица се чека еден час за излез, во Дојран 30 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час, на ГП Богородица за излез се чека исто така околу еден час, а на ГП Дојран за излез се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска […]

Шпанскиот премиер Санчез во Скопје на средби со Ковачевски и Пендаровски


Премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Северна Македонија. Се очекува тој во Скопје да има средби со премиерот Димитар Ковачевски и со претседателот Стево Пендаровски. Посетата на државава е дел од турнеја на Санчез низ земјите од Западен Балкан, што ги вклучува и Србија, Босна и […]

Ужасен твит на руската амбасада во Лондон: за војниците од „Азов“ само „понижувачка смрт“ – со бесење


  Украина ја означи Русија како „терористичка држава“ откако московската амбасада во Велика Британија објави на Твитер дека војниците на украинскиот баталјон „Азов“ заслужуваат „понижувачка смрт“ со бесење. Твитот од амбасадата дојде откако беа убиени повеќе од 50 украински воени заробеници кои ги држеше Русија – наводно меѓу нив има и војници од „Азов“. Тие […]