Русија ќе го продава украинското жито на Ирак, Иран и на Саудиска Арабија


Евгениј Балицки, шеф на проруската администрација во окупираниот украински регион Запорожје, рече дека тој регион планира да го продава укрианското жито на Блискиот исток, објави прорежимската агенција Тасс.

Главните земји копи би се вклучиле во трговијата се Ирак, Иран и Саудиска Арабија.

Украина, во повеќе наврати, ја обвини Русија дека го краде украинското жито, што Москва го негира.

Вчера, висок туристички функционер потврди дека Турција сопрела руски товарен брод во Црното Море за да ги истражи украинските тврдења дека се превезува украдено жито.