Тарантино по син, доби ќерка


САД-  Славниот режисер Квентин Тарантино и неговата сопруга Даниела добија второ дете, по синот во семејството пристигна и девојче. Како што ексклузивно дознава People, девојчето е родено за време на изминатиот празничен викенд, кога се славеше Денот на независноста во САД.

„Даниела и Квентин Тарантино се среќни да објават дека Даниела на 2 јули 2022 година го роди нивното девојче, помалата сестра Леа “, се вели во заедничката изјава на двојката.

Еден од најомилените режисери во Холивуд и неговата сопруга, која се занимава со манекенство и пеење, во февруари годинава објавија дека го очекуваат своето второ дете.

Оваа 38-годишна уметница е ќерка на израелскиот пејач и текстописец Звик Пик, а врската со 59-годишниот режисер ја започнала откако се запознале во 2009 година, кога тој го промовирал својот хит филм Inglorious Basterds во Израел.