Претпладне сончево, попладне нестабилно, в петок значителен пад на температурите


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне […]

Пендаровски го осуди насилството


Претседателот на државата, Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил објави осуда по повод насилните протести пред Собранието. „Вечерашното интервју на ТВ21 го одложивме поради тоа што околу телевизијата, која се наоѓа во непосредна близина на Собранието, беше воспоставен посебен сообраќаен режим. Во оваа прилика сакам да го осудам насилството како метод во политиката што не […]

СДСМ виде руски „потпис“ зад протестите на ВМРО и Левица


„Вечерва граѓаните беа сведоци на нови инциденти и насилство на протестите организирани од ВМРО-ДПМНЕ и проруската инсталација Левица пред Собранието. Повторно бевме сведоци како насилници со качулки ги нападнаа полицајците, фрлаа запаливи течности, ги каменуваа припадниците на македонската полиција и се обидоа насила да влезат во Собранието.  Вакви слични сцени гледавме на црниот 27 ми […]

Дури 47 полицајци повредени во протестите, двајца сериозно


 Четириесет  и седум полицајци се повредени вечерва во судирите со дел од учесниците на протестите против францускиот предлог, потврдија за МИА од МВР. Дел од демонстрантите почнаа да фрлаат петарди, димни бомби и други предмети кон специјалците и ја урнаа оградата пред законодавниот дом, по што интервенираше полицијата. Од повредените припадници на полициските сили 11 […]

Марк Руте: Доколку Македонија не го сака предлогот тогаш Албанија нека оди сама


  Доколку Северна Македонија не го прифати францускиот предлог, Албанија сама да продолжи на патот, што сметам дека е праведно, но се надевам дека тоа нема да биде потребно, изјавил холандскиот премиер Марк Руте по вчерашната средба со албанскиот премиер Еди Рама, пренесуваат албанските медуми. Руте изразил оптимизам дека Северна Македонија ќе го прифати францускиот […]

Руски мултимилионер најден мртов во својот базен во Санкт Петербург


  Руски бизнисмен мултимилионер е застрелан во неговата палата, последниот во низата елитни луѓе со врски со енергетскиот гигант „Гаспром“ што почина во последните месеци. Јуриј Воронов (61), шеф на логистичка компанија која имала профитабилни договори со „Гаспром“ на Арктикот, бил пронајден мртов во неговиот дом во ултра богатото предградие на Санкт Петербург во понеделникот […]

Во тепачка во Струмица убиено 22-годишно момче и тројца повредени


 Момче на 22-годишна возраст вечерва е убиено во Струмица во тепачка меѓу две семејства што се случи во Турското маало на улицата „Бетовенова“, а еден шеснаесетгодишен малолетник е повреден, како и две жени. Веста ја потврди директорката на струмичката болница, Катерина Кузмановска, која информираше дека момчето било прободено и било донесено мртво во болницата, додека […]

Вечерва е тензично пред Собранието (фото)


  Групата демонстранти вечерва ја урнаа заштитната ограда пред Собранието доближувајќи се пред кордонот на специјалната полиција.  Еден дел од овие демонтранти фрлаат со петарди, пластични шишиња, камења, јајца кон полицијата, но засега ситуацијата иако е тензична не ги преминува границите на насилство. Поголемиот дел од оние што протестираат се главнио мирни, извикувајќи пароли Во […]

Борис Џонсон стресен од оставките на двајцата клучни министри


  ЛОНДОН – Борис Џонсон остана да се бори за својот политички живот откако двајца високи министри од кабинетот, вклучително и неговиот министер за финансии, поднесоа оставка со експлозија на неговиот интегритет. Канцеларот на финансии Риши Сунак, највисокиот министер за финансии и втората најмоќна фигура во владата на Обединетото Кралство по Џонсон, поднесе оставка неколку […]

Сарацин во официјална посета на земјава, ќе има средба со Маричиќ


Специјалниот пратеник на Сојузната Влада за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин утре ќе престојува во официјална посета на земјава и ќе оствари средба со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), по средбата на која во фокусот ќе бидат францускиот предлог и евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, […]

Пратениците барале одговор од Мишел дали се ова последните барања на Бугарија


  Бидејќи одлуката за прифаќање на преговарачката рамка ќе се носи во Собранието, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска попладне разговараше со спикерот Талат Џафери и со координаторите на пратеничките групи и претставниците на помалите политички партии Џафери изјавил дека актуелното раководство и во минатото носело одлуки кои долгорочно се покажале како правилни за […]

Владата даде зелено светло за заем од ЕБОР до 100 милиони евра за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ


На денешната седница, Владата го разгледа и го пушти во понатамошна процедура до Собранието и Предлогот на Закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем во износ до 100 милиони евра за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ – Скопје во услови на енергетска криза, кој […]

Британските министри за финансии и за здравство поднесоа оставки


 Риши Сунак поднесе оставка од функцијата министер за финансии на Велика Британија, објави тој на Твитер. Оставка поднесе и  Саџид Џавид од функцијата британски министер за здравство во писмо до премиерот Борис Џонсон.  Џавид рече дека изгубил доверба во способноста на Владата на Борис Џонсон за владеење во национален интерес по „низата скандали“, велејќи дека […]

Француско село забрани користење вода поради суша


Село во Франција им забрани на жителите користење вода од славина за пиење или миење заби затоа што поради сушата може да стане неприкладна за човечко конзумирање. Водата од славина не смее да се пие ниту да се користи за подготвување храна за доенчиња или подготовка на сирова храна, објави општината Багремон во близина на […]

Тешка е борбата за идентитет кога врне дожд


Тешка е борбата за идентитет кога врне дожд. Иако се билдаше повикот за вечерашните протести пред Владата околу францускиот предлог, иако се најавуваа дури и провокатори, а полицијата многу порано се распоредуваше по улиците, дождот ги растури сите најави. Протестите продолжија и вечерва, но со малку поиздржливи граѓани, чиј број според фотографијата е неколку стотини.Тие […]

Мишел ја откачи Левица, не ја покани на средба


Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел имаше средба со сите политички партии во Парламентот, но не и со Левица. Како што се дознава ЕУ не сакала да ја покани оваа партија на средбата кај спикерот Талат Џафери, неформално ставајќи ја на црната листа на ЕУ.  Како што се дознава по средбата, до крајот на неделата […]

Ѓоковиќ со голем пресврт го победи Синер и се пласира во полуфиналето на Вимблдон


Англија– Новак Ѓоковиќ губеше со 2-0 во сетови против Синер, но Србинот уште еднаш ја покажа својата класа, ги доби останатите три сета и победи со 3-2 (5-7, 2-6, 6-3, 6-2, 6-2).  Новак Ѓоковиќ добро влезе во мечот, брзо доби брејк и имаше водство од 3-0 и 4-1, но потоа следуваше серија на Синер кој […]

Во дел од Словенија поради суша нема миење дворови, ни туширање на плажа


Поради долготрајна суша и како последна мерка пред уште построга редукција на водата во општини на словенечкиот брег забрането е залевање на јавното зеленило, а не може ни да се истуширате на плажите. Состојбата со резервите вода е критично Градоначалниците на четири крајбрежни општини, од кои најголема е Копер, објавија дека во моментот состојбата со […]

Светиклиментовиот универзитет на Плаошник ќе се возобновува


На денешната седница Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за реализација на проектот „Возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник“ подготвена од Министерството за култура – Управа за заштита на културното наследство.   Владината прес-служба соопшти дека е дадена согласност и мислење за оправданоста и продолжување на проектот.   Министерството за финансии е задолжено да […]

Давеник во Охридското Езеро во близина на Струга


Шеесет и шест годишно лице попладнево е пронајдено без знаци на живот во водите на Охридското Езеро во близина на автокампот „Ас“ кај Струга. Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, посочувајќи дека телото било забележано од капачите на плажата. Според првичните информации на телото на починатиот немало траги на насилство. […]