Француско село забрани користење вода поради суша


Село во Франција им забрани на жителите користење вода од славина за пиење или миење заби затоа што поради сушата може да стане неприкладна за човечко конзумирање.

Водата од славина не смее да се пие ниту да се користи за подготвување храна за доенчиња или подготовка на сирова храна, објави општината Багремон во близина на Азурниот брег. Место тоа на жителите им е речено дека може да дојдат по шише вода во градското собрание.

Температурите може да одат до 40 степени Целзиусови

Забраната е воведена од хигиенски причини. Поради сушните услови водата во моментот се носи со цистерни, што може да доведе до влоѓување на квалитетот, објаснија локалните власти.

Регионот поминува низ топлински бран, а Баргемон ги предупредува жителите дека температурите може да достигант до 40 степени Целзиусови. Пристапот до широките природни подрачја е строго ограничен поради можност од пожари.