Дури 47 полицајци повредени во протестите, двајца сериозно


 Четириесет  и седум полицајци се повредени вечерва во судирите со дел од учесниците на протестите против францускиот предлог, потврдија за МИА од МВР. Дел од демонстрантите почнаа да фрлаат петарди, димни бомби и други предмети кон специјалците и ја урнаа оградата пред законодавниот дом, по што интервенираше полицијата.

Од повредените припадници на полициските сили 11 се потешко повредени, а двајца од нив имаат сериозни повреди, додаваат од МВР. 

На Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ примени се тројца полесно повредени полицајци.Бидејќи не работат рендген апаратите, полициските службеници се препратени во Клиничкиот центар на снимање, но немаат сериозни повреди.