Ѓоковиќ со голем пресврт го победи Синер и се пласира во полуфиналето на Вимблдон


Англија– Новак Ѓоковиќ губеше со 2-0 во сетови против Синер, но Србинот уште еднаш ја покажа својата класа, ги доби останатите три сета и победи со 3-2 (5-7, 2-6, 6-3, 6-2, 6-2). 

Новак Ѓоковиќ добро влезе во мечот, брзо доби брејк и имаше водство од 3-0 и 4-1, но потоа следуваше серија на Синер кој направи серија од 6-1 и го доби сетот со 7-5.
 
Во вториот сет Синер беше убедлив, Ѓоковиќ не беше на своето ниво, грешеше и го загуби сетот со убедливи 6-2.
 
Новак побара пауза за тоалет и потоа се врати како нов играч. По мечот тој и самиот рече дека тоа било клучно, таму пред огледало си одржал мотивационен говор кој му помогнал да се врати во мечот.
 
Следните три сета Ѓоковиќ ги доби убедливо со 6-3, 6-2 и 6-2 и победи во мечот со 3-2.
Во публиката на Вимблдон, прв пат се појавија и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
 
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од мечот меѓу Гофан и Нори.