Во дел од Словенија поради суша нема миење дворови, ни туширање на плажа


Поради долготрајна суша и како последна мерка пред уште построга редукција на водата во општини на словенечкиот брег забрането е залевање на јавното зеленило, а не може ни да се истуширате на плажите.

Состојбата со резервите вода е критично

Градоначалниците на четири крајбрежни општини, од кои најголема е Копер, објавија дека во моментот состојбата со резервите вода е критично и слично на состојбата која во кодините со вообичаена количина дождови, се појавува дури на крајот на јули.

Поради тоа, до следно известување, одлучија да ги затоврат сите системи за напојување на зелените јавни површини и чешмите на јвните места. Од денеска се забранува полевање на градините и миењето автомобили, кои пак може да се измијат само во автоперални кои користат рециклирана вода.

Забрането е миење на дворовите, полнење на базените…

Исто така, на комуналните служби одредено е им е да ги намалат количините вода за залевање на дрвјата и кавните површини под цвеќе, додека во јавните тоалети поставено е предупредување со повици за штедење вода.

Исто така, забрането е миење на двотровите и полнење на базените, а хотелите и оние кои се занимаваат со туристичко сместување се повикуваат да ги известат своите гости за состојбата со водата и да ги замолат да штедат.

Ваква суша не се памети во последните 10 години

Како што пренесуваат словенечките медиуми, ваква долготрајна суша на тоа подрачје не се памети од 2012 година, кога состојбата исто така беше пред редукција, која се избегна, а состојбата со водоснабдувањето во делот на Словенија каде населението се зголемува и каде доаѓаат многу домашни и странски туристи, битно не се поправила.

Властите предупредуваат дека во последните месеци големата суша придонесе во водоводот од кој се напојуваат крајбрежните општини се носи вода од хрватскиот истарски водовод.

За да се спречи немањето вода мора да се почитуваат наведените мерки за штедење, предупредија локалните власти.