Тешка е борбата за идентитет кога врне дожд


Тешка е борбата за идентитет кога врне дожд. Иако се билдаше повикот за вечерашните протести пред Владата околу францускиот предлог, иако се најавуваа дури и провокатори, а полицијата многу порано се распоредуваше по улиците, дождот ги растури сите најави.

Протестите продолжија и вечерва, но со малку поиздржливи граѓани, чиј број според фотографијата е неколку стотини.Тие што сепак дојдоа порачаа  „Никогаш Северна, само Македонија“, „Бугари“, „Предавници“.Еден од протестантите клекна на колена пред полицискиот кордон пред Владата. „Каде ви е достоинството“, извикуваа демонстрантите. 

Протестот ќе продолжи преку Министерството за надворешни работи до Собранието.