Пендаровски го осуди насилството


Претседателот на државата, Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил објави осуда по повод насилните протести пред Собранието.

„Вечерашното интервју на ТВ21 го одложивме поради тоа што околу телевизијата, која се наоѓа во непосредна близина на Собранието, беше воспоставен посебен сообраќаен режим. Во оваа прилика сакам да го осудам насилството како метод во политиката што не би требало да има место во современите демократии“, вели Пендаровски.