Има ли ефекти „активната блокада“ – за власта Собранието функционира, ВМРО-ДПМНЕ најавува „следни чекори“


Собранието функционира и покрај бојкотот на дел од опозицијата, децидна е власта во врска со „активната блокада“ што ВМРО-ДПМНЕ почна да ја спроведува неделава во Парламентот. Од опозицијата, пак, тврдат дека блокадата нема да биде само инстант акција и најавуваат преземање на следните чекори кон нивната конечна цел – утврдување датум за предвремени парламентарни избори. […]

Mеѓународна научна конференција „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“ во Охрид


По повод одбележувањето 75 години од основањето, Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје од утре до 18 мај во Охрид ќе организира меѓународна научна конференција „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“, која е под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски. – Преку […]

Започнува Соборот на СПЦ, се очекува став за разговорите со МПЦ-ОА


Со свечености во Сремски Карловци денеска ќе започне седница на Соборот на Српската православна црква (СПЦ), додека работниот дел треба да продолжи во Белград, по што се очекува да биде соопштено до каде е дојдено во разговорите со Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА). Како што јави дописникот на МИА од Белград, поглаварот на […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје


Поради одржување на спортско рекреативната трка „Прв до врв“ денеска ќе има посебен сообраќаен режим по улиците во Скопје. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, велосипедската трка ќе почне во 09:45 часот од Музејот на град Скопје – улица „Св. Кирил и Методиј“ и ќе продолжи по булеварот „Св. Климент Охридски“, булеварот „Мајка […]

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи


Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне, пред се во западните делови, нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе достигне од 23 до […]

Фаворитот Украина победи на Евросонг во Торино (видео)


Италија- Откако жирито ги соопшти резултатите, Англија беше водечка со 283 поени, а Шведска и Шпанија беа блиску зад неа со 258 и 231 поен, но како што сите знаеме, тоа е само половина од приказната. По објавувањето на јавното гласање преполно со тензии, беше откриено дека Украина доби врвни оценки кај публиката од цела […]

Најмалку 10 убиени во пукање во супермаркет во Бафало, САД


  Вооружен маж со пушка и панцир отвори оган во супермаркет во Бафало, Њујорк, убивајќи најмалку 10 луѓе пред да биде приведен во саботата попладне, изјавија за Асошиетед прес претставници на органите на редот. Детали за бројот на дополнителни луѓе застрелани на Tops Friendly Market и нивната состојба не беа веднаш достапни. На двајцата функционери […]

„Ное цирхер цајтунг“: Проширувањето на ЕУ е мртво


  Предлозите на Макрон за „европската политичка заедница“ се „освежувачки реални“, според угледниот швајцарски весник „Ное цирхер цајтунг“ (НЦЦ). Се наведува дека политиката на проширување на ЕУ кон земји како Србија и онака е „мртов коњ “. Емануел Макрон, претседателот на Франција, која моментално претседава со ЕУ, оваа недела претстави визија која наиде на поделени […]

Турција се понудила да ги евакуира борците од „Азовстал“ со брод до Истанбул


  Турција понуди да ги евакуира по море ранетите украински војници кои го бранат „Азовстал“. Ова во интервју за Ројтерс го изјави прес-секретарот на претседателот на државата Ибрахим Калин. Турција понуди да ги однесе украинските војници до пристаништето Бердјанск (град на 65 километри од Мариупол, под контрола на руската војска) и да ги качи на […]

Во Туркменистан забранија држење за раце, а жените не смеат да се шминкаат


  Во туркменскиот град Мери десетици парови беа приведени затоа што се држеле за раце во јавност. Ова беше објавено на 13 мај од Радио Азатик. Полицијата ги обвини приведените за кршење на „традиционалните општествени норми“. Тие биле донесени во одделот со лисици на рацете; таму на приведените жени, според една од нив, им било […]

(Видео) Финале на Евросонг во Торино


Вечерва, од 21 часот, е финалето на 66. Евросонг во Торино, организиран од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и нејзината италијанска членка Раи. Еве го редоследот на учесниците: 🇨🇿 Czech Republic: We Are Domi – Lights Off 🇷🇴 Romania: WRS – Llámame 🇵🇹 Portugal: MARO – Saudade, Saudade 🇫🇮 Finland: The Rasmus – Jezebel 🇨🇭 Switzerland: Marius Bear – Boys Do Cry 🇫🇷 France: Alvan & Ahez – Fulenn 🇳🇴 Norway: Subwoolfer – Give That Wolf […]

Српски „Курир“: СПЦ ќе ја признае ОА место расколничката МПЦ


Утре започнува Саборот на Српската православна црква во Сремски Карловци на коа меѓу другото ќе се дискутира и за примањето на МПЦ-Охридска Архиепископија во канонското единство.Соборот на СПЦ треба официјално да ја потврди одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј за признавање на автономната Охридска архиепископија наместо досега непризнатата т.н. Македонската Православна Црква (МПЦ), пишува српски „Курир“ […]

Во Берлин средба Хавесто – Чавушоглу за членството на Финска во НАТО


– Министрите за надворешни работи на Финска и на Турција, Пека Хавесто и Мевлут Чавушоглу вечерва ќе се сретнат во Берлин и ќе разговараат за членството на Финска во НАТО. – Сигурен сум дека ќе пронајдеме решение, изјави Хавесто пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО во Берлин. Претседателот на Турција, […]

Горан Мисовски единствен кандидат за лидер на НСДП


Централниот одбор на НСДП за единствен кандидат за претседател на партијата  на петтиот конгрес  го утврди Горан Мисовски. Предлогот беше утврден со мнозинство гласови од присутните членови на Централниот одбор, по завршување на дебатата. Исто така на седницата на Централниот одбор беа утврдени предлог листите за членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор.Покрај кадровските прашања […]

Се реконструира патот од Радовиш до Воиславци


 Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, пидружуван од пратеникот Коле Чаракчиев и директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, Костадин Ацевски, денеска изврши увид во рехабилитација на регионалниот пат од Радовиш до Воиславци, при што истакна дека со ова ја подигнуваат безбедноста во сообраќајот, а од друга страна се овозможува сервисен […]

Турција не ја затвора вратата на НАТО за Финска и за Шведска


Советникот на турскиот претседател за надворешна политика Ибрахим Калин изјави дека Анкара „не ја затвора вратата“ за приклучување на Финска и на Шведска во НАТО. – Турција не ја затвори вратата за влез на Шведска и на Финска во НАТО, но сака да преговора со тие нордиски земји и сузбивање на терористичките активности, посебно во […]

Македонски интелектуалци му пратија писмо на Вартоломеј


Група македонски интелектуалци, во отворено писмо до вселенскиот патријарх Вартоломеј, му се заблагодаруваат на одлуката на Вселенската патријаршија да ја прифати во канонско единство Македонката православна црква – Охридска архиепископија. Во писмото, тие пишуваат дека ова е чин со кој се изгради одбранбен ѕид против агресивната политика за духовна колонизација на Балканот, спротивна на црковните […]

Курти се жали дека Србија не сака договор со Косово


 Косовскиот премиер Албин Курти вели дека Србија не сака договор со Косово и дека причина за тоа е што на српскиот претседател, Александар Вучиќ му пречи напредокот што го бележи косовската држава, јави дописникот на МИА од Приштина. Коментирајќи го вчерашниот неуспешен обид во Брисел, со посредство на емисарот на Европска Унија, Милослав Лајчак да […]

Украина ја доби битката за Харков


  Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, изјави за Би-Би-Си дека Русите се повлекле од областа на градот Харков во правец на руската граница. Тој вели дека руските трупи само еднаш успеале да влезат во мал дел од клучниот североисточен град и не биле таму долго време. „Русите постојано го гранатираа Харков бидејќи беа многу блиску […]

Грузија нема да го признае референдумот за соединување на Јужна Осетија со Русија


Грузија нема да ги признае резултатите од референдумот во Јужна Осетија за соединување на отцепениот регион кон Русија, изјави денеска претседателот на грузиската владејачка партија Грузиски сон – Демократска Грузија, Иракли Кобахинѕе. – Имаме своја јасна политика и став. Секако нема да признаеме ниту една друга власт во Јужна Осетија, ниту резултати од избори и […]