Горан Мисовски единствен кандидат за лидер на НСДП


Тито Петковски и Горан Мисовски

Централниот одбор на НСДП за единствен кандидат за претседател на партијата 
на петтиот конгрес  го утврди Горан Мисовски. Предлогот беше утврден со мнозинство гласови од присутните членови на Централниот одбор, по завршување на дебатата.

Исто така на седницата на Централниот одбор беа утврдени предлог листите
за членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор.Покрај кадровските прашања беа утврдени и конгресните документи.

Претходно, актуелниот лидер на НСДП изјави дека нема да даде поддршка за еден кандидат,  бидејќи тоа се коси сонеговите  сфаќања на демократијата и со принципот на конкурентност.

-Ако има само еден кандидат нема борба, тој едноставно ќе биде октроиран, нема да биде избран, правото на избор носи прогрес, турка напред. Луѓето да се научат во живот дека треба да се борат со идеи, програми, да конкурираат  на политичкиот пазар со знаење и квалификации – вели Петковски, додавајќи дека нема да поддржи кандидат што не доставил програма.

Неофицијално единствен кандидат што доставил програма е Кристијан Трајковски, но 10 членови на Извршниот одбор застанаа зад Горан Мисовски.