Турција се понудила да ги евакуира борците од „Азовстал“ со брод до Истанбул


 

Турција понуди да ги евакуира по море ранетите украински војници кои го бранат „Азовстал“. Ова во интервју за Ројтерс го изјави прес-секретарот на претседателот на државата Ибрахим Калин.

Турција понуди да ги однесе украинските војници до пристаништето Бердјанск (град на 65 километри од Мариупол, под контрола на руската војска) и да ги качи на турски цивилен брод што ќе ги однесе во Истанбул.

Калин рече дека разговарал за оваа опција со украинскиот претседател Володимир Зеленски пред две недели. Москва, рече тој, не се согласи со планот, но сепак тој сè уште не е конечно отфрлен.

Група од неколку стотици украински војници го брани „Азовстал“ од почетокот на април. Ова е единствената точка на отпор во Мариупол, кој е целосно контролиран од руските трупи.

На почетокот на мај неколку стотици цивили беа евакуирани од „Азовстал“ со посредство на ОН и Црвениот крст. После тоа, украинските власти објавија дека преговараат за евакуација на уште 500 лица – медицински работници и ранети.

Според украинската страна, Русија продолжува да бомбардира, гранатира и се обидува да го нападне „Азовстал“ и покрај јавната наредба на Владимир Путин да не се напаѓа фабриката.