Андреа „за влакно“ не влезе во финалето на Евросонг, беше 11-та


Андреа Коевска, македонската претставничка на годинашниов натпревар „Песна на Евровизија“ што се одржа во Торино, Италија, „за влакно“ не успеа да влезе во големото финале. Таа се натпреваруваше на втората полуфинална вечер во четвртокот и го освои 11-то место, зад претсавниците на Азербејџан, покажуваат резултатите што се објавени синоќа на официјалната интернет страница од популарниот […]

Без вода дел од улиците „Козара“ и „Васил Ѓоргов“ во Центар


Поради уличен водоводен дефект од ф100 милиметри на улица „Козара“ број 64 во скопската населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на оваа и на улицата „Васил Ѓоргов“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде во прекин од 11:00 часот, па се до отстранување на дефектот.

Мице Јанкуловски со самостојна изложба „Пофалба на црното“ во Романија


Во рамките на Европската ноќ на музеите 2022, синоќа во Музејот на областа Бузау во Романија беше отворена самостојната изложба на слики „Пофалба на црното“ од Мице Јанкуловски-Мицко. Музејот на областа Бузау на Европската вечер на музеите се претстави со атрактивна програма која резултираше со посета на над 3000 посетители. Јанкуловски се претстави со слики, […]

Министерката Костадиновска-Стојчевска го отвори Интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола


Почнуваат денови исполнети со аплаузи за актери од 11 држави на фестивалот за монодрама во Битола, истакна министерката во Министерството за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на свеченото отворање на 23. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола. Прогласувајќи го големиот меѓународен културен настан за отворен, Костадиновска-Стојчевска нагласи дека Интернационалниот фестивал на монодрама е еден од […]

Османи: Силно ја поддржуваме аспирацијата на Шведска и Финска за членство во НАТО


Северна Македонија силно ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО и аспирацијата на Шведска и Финска за членство во Алијансата, истакна денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи пред почетокот на неформалниот министерски состанок на земјите членки на Северноатлантскиот пакт во Берлин. – Имаме теми од суштинско значење и убеден сум дека сите сојузници ќе […]

Швајцарците на референдум одлучуваат за донирање на органи, за ФРОНТЕКС и за „Лекс Нетфликс“


Швајцарските гласачи денеска на референдум одлучуваат за донирање на органи, за финансирање на ФРОНТЕКС и за Нетфликс. Граѓаните на Швајцарија треба да одлучат дали донирањето органи ќе се одвива автоматски, освен во случаите кога потенцијалниот донатор експлицитно се изјаснил против тоа пред неговата смрт. Промената на законот би значела дека пациентите кои имаат потреба ќе […]

Полицијата контролирала објект за време на концерт, кај петмина пронашла дрога


Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје при контрола во објект на подрачјето на Општина Центар, во кој се одржувал музички концерт, од слобода лиши пет лица, кај кои е пронајдена дрога. Како што информира МВР, кај Б.М. (45) и А.С. (26), двајцата од Скопје и кај В.М. (27) од Косово е […]

Баербок: Сè е подготвено за брза ратификација на членството на Финска и на Шведска во НАТО


Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок изјави дека Берлин ги презел сите подготовки за брз процес на ратификација ако Финска и Шведска се одлучат да поднесат барање за членство во НАТО. – Ако се одлучат да се придружат, можат брзо да се придружат … Мораме да се погрижиме да им дадеме безбедносни гаранции, не смее […]

Фарук Кајмакчи: Процесите за членство во ЕУ не треба да се „национализираат“


Процесите за членство во ЕУ не треба да се „национализираат“ и билатералните прашања не треба да се ставаат на преден план како пречка за процесите за членство, вели турскиот заменик министер за надворешни работи задолжен за Балканот и за прашања поврзани со Европската Унија, Фарук Кајмакчи во интервју за МИА во врска со бугарската блокада […]

За што, всушност, зборува победничката песна на Евровизија?


Украинската рап група „Калуш оркестра“ победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија со песната Стефанија. Фронтменот Олех Псиук претходно изјави за Sky News за што всушност зборува нивната песна. „Сите ја пееја нашата песна. Првично беше посветена на мајка ми, по која го доби името, но сега е песна за сите мајки“, рече пејачот […]

Бритни Спирс: Го загубив бебето


Бритни Спирс го загуби своето бебе само неколку недели откако објави дека чека бебе со својот вереник. Таа ја потврди веста на Инстаграм. „Со најголема тага објавуваме дека го изгубивме чудесното бебе во раната бременост. Трагедија е за секој родител. Можеби требаше да почекаме уште малку пред да се објави бременоста, но бевме премногу возбудени […]

Камерната претстава „Бубрегот“ во режија на Марјан Георгиевски изведена во Тетовски театар


Во Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово синоќа се одржа премиерата на траги-комедијата „Бубрегот“ од австрискиот автор Штефан Фогел, во режија на Марјан Георгиевски од Битолскиот театар. Станува збор за камерна претстава на која публиката непосредно до сцената ги почувствува сите емоции од текстот кои актерите успешно ги одиграа. – Кога има камерна […]

Петков не планира наскоро да го посети Скопје


Бугарскиот премиер Кирил Петков наскоро нема да го посети Скопје, изјави шефицата на Кабинетот на претседателот на Владата на Бугарија, Лена Бориславова. – Наскоро нема да има посета, бидејќи немаме документ на кој можеме да работиме врз основа на Договорот за добрососедство. Така што, како што вчера потврди и македонската страна, меѓувладината конференција се одлага […]

Георгиева, Лагард, Бјерде и европските гувернери упатија честитки и признанија за јубилејот на Народната банка


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, потпретседателката на Светска банка, Ана Бјерде, генералниот менаџер на Банката за меѓународни порамнувања, Агустин Карстенс, како и голем број на гувернери на централни банки од Европа и го честитаа јубилејот 30 години од осамостојување на Народната банка. На Фејсбук профилот […]

Детали за масакрот во супермаркет во САД: Убиствата расно мотивирани


Осумнаесет годишен белец уби десет и рани три лица во супермаркетот Топс во Бафало пред да им се предаде на властите кои сметаат дека злосторството е расно мотивирано. Вооружен со автоматска пушка, тој е осомничен за расно мотивиран екстремизам. Полицијата верува дека 18-годишникот, вооружен со автоматска пушка, дејствувал сам. ФБИ, во меѓувреме, соопшти дека неговиот […]

Ѓоковиќ доби торта за 1.000-та победа во кариерата: „Ги гледав Рафа и Роџер, па сакав и јас“


Новак Ѓоковиќ со триумфот над Каспер Руд се пласираше во финалето на Мастерсот во Рим каде за трофејот ќе се бори со стариот познаник Стефанос Циципас. За српскиот тенисер оваа победа е значајна бидејќи беше 1000-та во кариерата, па организаторите на турнирот го одбележаа со торта на која ја напишаа историска бројка. – Благодарам на […]

Гулијев: Скопје ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ во најпредизвикувачкиот момент во поновата историја


Северна Македонија ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ во најпредизвикувачки момент со кој се соочува организацијата во поновата историја. Всушност, мислам дека треба да се вратиме назад во времето на распадот на Југославија и конфликтите поврзани со тоа кои го распарчија регионот за да можеме да најдеме криза којашто би можела да се спореди со […]

Поради автотрка од 11 до 16 часот затворен за сообраќај патот Кочани – Пониква


Поради одржување на меѓународен авто натпревар за ФИА-Централно Европска Зона (ФИА-ЦЕЗ) денеска патниот правец Кочани – Пониква ќе биде затворен за сообраќај во периодот од 11:00 до 16:00 часот. На останатите патни правци сообраќајот се одвива непречено по суви коловози, со умерен интензитетот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, […]

Научниците конечно знаат што ја предизвика најголемата климатска катастрофа во историјата


Пред околу 252 милиони години светот минуваше низ бурен период на брзо глобално затоплување. За да разберат што го предизвикало, научниците погледнале еден посебен настан во кој вулканска ерупција во сегашен Сибир исфрли огромни количини на стакленички гасови во атмосферата. Сепак, постојат докази дека климата веќе се менувала пред ова, пишува The Conversation . Температурите […]

Бесплатни дерматолошки прегледи во Градскиот парк по повод борбата против рак на кожа


Во организација на Здружението на дерматовенеролози на Македонија денеска во Градски парк во Скопје ќе се одржи настан под мотото „Да се заштитиме од Сонцето, да спречиме рак на кожа!“ со бесплатни дерматолошки прегледи. Со ова Здружението ќе се приклучи кон активностите на Европската академија на дерматовенеролози и дерматовенеролозите од ЕУ за превенеција од ракот […]