Силна поддршка од Г7 за брзо отворање на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ


Групата седум индустриски развиени земји ги пофали Албанија, Косово, Црна Гора и Северна Македонија за целосно усогласување на надворешната политика со Европската Унија, вклучително и санкциите, и ја повикаа Србија да го стори истото. Силно го поддржаа и брзото отворање на преговорите на Северна Македонија и Албанија. -Министрите за надворешни работи на Г7 го поздравија […]

Во Тирана утре почнува „Неделата на Америка” посветена на 100-годишнината од албанско- американските односи


Во Тирана утре почнува манифестацијата „Недела на Америка” посветена на 100-годишнината од воспоставувањето на албанско-американските односи, јави дописничката на МИА од Тирана.   Амбасадорката на САД во оваа земја, Јури Ким преку видео порака рече дека неделата ќе биде проследена со многу настани.   Таа ги повика сите албански граѓани да се придружат на „еднонеделниот […]

Чавушоглу: Шведска и Финска да престанат да ги поддржуваат терористичките групи ако сакаат Турција да ги поддржи за НАТО


Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска рече дека Шведска и Финска мора да престанат да ги поддржуваат терористичките групи во нивните земји, да обезбедат јасни безбедносни гаранции и да ја укинат забраната за извоз на Турција, доколку сакаат Турција да го поддржи нивното членство во НАТО. Говорејќи по состанокот на министрите за надворешни […]

Папата Франциско назначи десет нови светци, меѓу нив и холандски свештеник, борец против нацизмот


Папата Франциско денеска прогласи десет лица за светци, меѓу кои еден холандски свештеник, борец против нацизмот, убиен во концентрациониот логор Дахау и францускиот монах пустиник убиен во Алжир. Папата (85) беше донесен до олтарот во инвалидска количка поради болки во колената и нозете. На плоштадот Свети Петар имаше повеќе од 50.000 луѓе, што е еден […]

Алтернатива го одржува својот Прв конгрес, 600 делегати одлучуваат за ново партиско раководство


Во присуство на бројни гости, 600 делегати, како и членови на партијата, Алтернатива денеска во големата сала на „Филхармонија“ го одржува Првиот конгрес на кој што ќе се избира нов претседател на партијата и ново партиско раководство, соопштија од партијата. Во своето обраќање пред присутните во салата претседателот на партијата, Африм Гаши истакна пристапувањето во […]

Скокот на цената на маслото за јадење го урна рејтингот на претседателот на Индонезија


Рејтингот на индонезискиот претседател Џоко Видодо достигна најниско ниво во последните шест години поради незадоволството од зголемените цени на маслото за јадење и неможноста забраната за извоз да го ограничи скокот на цените на суровините, покажа денеска објавеното истражување на јавното мислење. Податоците објавени од агенцијата Indochina Politics Indicator покажуваат дека рејтингот на претседателот на […]

Бугарија нема да ги запре испораките на руски гас за Македонија, Грција и Србија


Извршниот директор на бугарската државна компанија Булгартрансгаз, Владимир Малинов, за БНТ изјави дека иако Русија ја прекина испораката на природен гас за Бугарија, нема да го запрат транзитот на руски гас за Северна Македонија, Грција и Србија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Малинов, Бугарија започнала преговори со Турција за обезбедување рута […]

Годината помина како сон: Интервју со „Манескин“ во Торино (видео)


Италија– Групата „Манескин“ по победата лани на Евросонг во Ротердам со  Zitti E Buoni,  по една година се вратија дома, на сцената во Пала Олимпико, како специјални гости, помудри, пославни, и со нова песна „Супермодел“. Тоа беше необична кулминација за групата – вокалот и фронтмен Дамјано Давид, басистот Викторија Де Анџелис, гитаристот Томас Раџи и […]

Кулеба: САД ни испраќаат повеќе оружје и друга помош


Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека се сретнал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Берлин и дека „повеќе оружје и друга помош се на пат за Украина“. Кулеба денеска во Берлин треба да ги информира министрите за надворешни работи на НАТО за ситуацијата во Украина и за тоа како Алијансата може […]

Вучиќ размислува „за тројца, четворица мандатари“


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека неговиот нов претседателски мандат мора да започне до 31 мај и дека размислува за составот на новата влада, но и за мандатарот, јави дописникот на МИА од Белград. – Се надевав дека (заклетвата) ќе ја дадам пред новото собрание, но може да биде и пред старото, но мојот […]

Еден загинат откако возило излета од патот Кичево-Охрид


Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу еден час по полноќ на магистралниот пат Кичево-Охрид, кога патничко возило „Фолксваген Голф“, со охридски регистарски ознаки, излетало од коловозот. Како што сопшти МВР, возилото било управувано од А.А. (46) од село Зајас, кој починал на местото на несреќата и чија смрт ја констатирал […]

Спречени кибернапади за време на Евровизија


Италијанската полиција денеска соопшти дека спречила кибернапади врз Евровизија. – Специјалните единици на Министерството за внатрешни работи за борба против компјутерскиот криминал, во соработка со организаторите на Песна на Евровизија и техничките служби на државната телевизија и радио корпорација „Раи“, елиминираа различни ДДОС компјутерски напади насочени кон мрежната инфраструктура за време на гласањето и настапите […]

Најмладиот пациент со рак на кожа на Клиниката за дерматологија имал 11 години


Ракот на кожа во земјава е со растечка инциденца. Најмладиот пациент со рак на кожа – меланома на Клиниката за дерматологија имал 11 години, а се почесто се дијагностицира и кај помладата популација. Заштитете се од Сонцето, не ги игнорирајте промените на кожата. За жал карциномот на кожата не боли, а најдобри резултати во негово […]

Црна Гора: Се укинува ли неработната недела за малите претприемачи?


Итно да се реши прашањето за евентуално укинување на неработната недела, за да се овозможи работа на тој ден за сите претприемачи, велат од организациите на работодавачи, додека од друга страна, Унијата на слободни синдикати (ССС) соопшти дека минатата година беа подготвени да го поддржат предлогот кој ќе овозможи претприемачите да работат во недела, но […]

Финска официјално аплицира за членство во НАТО


Претседателот на Финска, Саули Нинисто изјави дека Хелсинки формално поднесува барање за членство во НАТО. Тој додаде дека тоа ќе ја максимизира безбедноста на земјата. Додека финската премиерка Сана Марин истакна дека се надева оти Парламентот ќе ја одобри одлуката. Одлуката на Парламентот во овој случај повеќе ќе биде формалност.

На трилатералната средба Линде – Хавесто – Чавушоглу не е постигнат договор


На маргините на неформалната средба на НАТО во Берлин синоќа разговараа министрите за надворешни работи на Шведска, на Финска и на Турција, Ан Линде, Пека Хавесто и Мевлут Чавушоглу. Шефицата на шведската дипломатија Линде изјави дека не е постигнат договор и оти ќе продолжат преговорите. – Имаме различни ставови, но јасно ставивме до знаење дека […]

ТИРЗ воведе меѓународни ИСО стандарди за борба против корупција и квалитет во работата


Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ) информира дека го имплементираше Меѓународниот стандард за спречување корупција ИСО 37001:2016, со што стана една од првите државни институции со интегриран систем за антикорупција. – Воведувањето на овој меѓународен стандард овозможува имплементација на соодветни механизми за превенција и откривање, како и конкретни мерки за борба против корупцијата, се […]

Украина тврди дека врз Азовстал се фрлени фосфорни бомби


Членот на Градското собрание во Мариупол, Петро Андриушченко на Телеграм објави видео од руски напад врз челичарницата Азовстал на кое наводно се гледа дека се употребени фосфорни бомби. Видеоснимката не е потврдена од независни извори. Според Андриушченко челичарницата Азовстал во Мариупол била нападната со фосфорни бомби по победата на украинскиот оркестарот Калуш со песната „Стефанија“ […]

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје


Поради одржување на оперативно-тактичка вежба утре ќе има посебен сообраќаен режим по улиците во Скопје, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, оперативно-тактичката вежба ќе се одржува во периодот од 09:30 до 12:00 часот, од страна на МВР, во координација со Амбасадата на САД, при што […]

Бориславова: Меѓувладината конференцијата во Скопје е одложена затоа што „нема договорен документ“


Заедничката седница на владите на Северна Македонија и Бугарија во Скопје, на која требаше да учествува бугарска владина делегација предводена од премиерот Кирил Петков, е одложена затоа што „нема договорен документ“ што би покажал напредок во преговорите меѓу двете земји, изјави шефицата на Кабинетот на претседателот на Владата на Бугарија, Лена Бориславова. Како што јави […]