Полицијата контролирала објект за време на концерт, кај петмина пронашла дрога


Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје при контрола во објект на подрачјето на Општина Центар, во кој се одржувал музички концерт, од слобода лиши пет лица, кај кои е пронајдена дрога.

Како што информира МВР, кај Б.М. (45) и А.С. (26), двајцата од Скопје и кај В.М. (27) од Косово е пронајдена марихуана, кај Д.Н. (23) е пронајдена дробилка со марихуана, а кај М.А. (23) пронајдена е прашкаста материја.

– Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.