Ѓоковиќ доби торта за 1.000-та победа во кариерата: „Ги гледав Рафа и Роџер, па сакав и јас“


Новак Ѓоковиќ со триумфот над Каспер Руд се пласираше во финалето на Мастерсот во Рим каде за трофејот ќе се бори со стариот познаник Стефанос Циципас.

За српскиот тенисер оваа победа е значајна бидејќи беше 1000-та во кариерата, па организаторите на турнирот го одбележаа со торта на која ја напишаа историска бројка.

– Благодарам на организаторите на турнирот и на публиката за прославата на илјадитата победа, ги гледав Роџер и Рафа претходните години и едвај чекав да стигнам до 1000-та победа. Многу сум привилегиран што постигнав толку многу победи на АТП турнирите. Помина долго време откако го добив првиот натпревар и се надевам дека ќе играм вака во иднина, изјави Ѓоковиќ на италијански.

Осврнувајќи се на мечот против својот ривал, тој рече дека одиграл добро и дека го држел натпреварот горе-долу под контрола.

„Руд е квалитетен играч, специјалист за земјени терени, не беше лесно, но успеав да победам“, рече Ѓоковиќ.

Последен пат со Стефанос Циципас се натпреваруваше пред една година:

-Тоа беше во финалето на Ролан Гарос. Тој е во одлична форма, во последните неколку години е меѓу најдобрите играчи на земјена подлога. И на секоја друга подлога, но особено на земјена подлога. Ме чека тешка задача. Понекогаш натпреварите со него траеја по два дена …