Почина легендата на хрватската и југословенската кошарка Петар Сканси


Во понеделникот на 78-годишна возраст почина Петар Сканси, кошаркар и тренер кој остана запаметен како селектор на хрватската кошаркарска репрезентација, која на Олимписките игри во Барселона во 1992 година го освои сребрениот медал. Во раната младост Сканси најпрвин играл ватерполо во сплитски Јадран, а дури подоцна почнал да тренира кошарка. Во својата кариера два пати […]

Официјални резултати од парламентарани избори во Србија – СНС 120 пратеници, Обединета Србија 38 мандати, СПС 32


Републичката изборна комисија (РИК) ги објави резултатите од парламентарните избори во Србија врз основа на 100 отсто од обработените гласачки ливчиња, а излезноста на изборите според тој примерок е 58,65 отсто од запишаните избирачи, јави дописникот на МИА од Белград. Според РИК, најмногу гласови освоила коалицијата околу Српската напредна странка – 42,97 отсто од гласовите […]

Германскиот претседател призна: „Целосно грешев за Путин“


  Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во понеделникот призна грешки во неговата политика кон Русија. Говорејќи пред новинарите во палатата Белви, тој рече: „Моето држење до ‘Северен тек 2’ беше очигледно грешка. Заглавивме на мостовите во кои Русија повеќе не веруваше и на кои нашите партнери нѐ предупредуваа“, рече тој. Изградбата на гасоводот „Северен тек 2“, […]

Ниеден цивил не е повреден во Буча, тврди рускиот амбасадор во ОН


  Рускиот амбасадор во ОН инсистираше на тоа дека нема повредени цивили за време на едномесечната руска окупација на украинскиот град Буча – и ја обвини Украина за фабрикување докази. Како што објавија светските медиуми, телата на десетици цивили, како и масовна гробница се пронајдени по повлекувањето на руските трупи. Но, говорејќи на прес-конференција во […]

И вечерва без договор меѓу СОНК и Владата, дали повисоките плати ќе ја зголемат инфлацијата


Немаме краткорочно решение со кое сега веднаш ќе се зголемат платите на дејностите што ги застапуваме за 18,4 проценти, истакна претседателот на СОНК Јаким Неделков по вечерашната средба во Министерството за финансии. -За жал никаков процент, никакви бројки не беа изнесени на маса и морам да кажам дека излегуваме разочарани што нема што да пренесеме […]

Седум децении „Бимилк“ – во изминатите пет години инвестирани над 10 милиони евра


Со инвестиции во развојот и во одржливоста на млечната индустрија, „Бимилк“ обележува 70 години постоење и работа на македонскиот пазар. Капацитетите на компанијата, производните потенцијали, инвестициите и идните развојни планови беа претставени и пред премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Фатмир Битиќи. „Бимилк“ има најголема покриеност на пазарот, широко портфолио производи и е главен снабдувач на […]

Во Србија триумфираше рускиот наратив


Веќе на крајот на изборниот ден на 3.4.2022 и покрај необјаснивата мрзеливост на Републичката изборна комисија, се дозна кои ќе бидат победниците на изборите 2022 за претседател на Србија, за парламентот и за Белград! Но, пред имињата на оние кои успеале во нив, однапред се знаеше еден победник и пред објавувањето на резултатите: Во Србија […]

По речиси една деценија Дибиров заминува од Вардар 1961


Рускиот ракометар Тимур Дибиров најави дека на крајот од оваа сезона ќе ги напушти редовите на Вардар 1961, по цели девет години во кои со „црвено – црните‘ освои две европски титули. – Ова е мојата последна сезона во дресот на Вардар. Натпреварот со Веспрем беше мојот последен во Лигата на шампиони. Најмногу би сакал […]

Ужасите на Буча (галерија)


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го посети градот Буча во близина на Киев, додека продолжуваат да се појавуваат повеќе докази за злосторствата направени од руските инвазиски сили. Тој го разгледа патот на кој руска колона била нападната од заседа и разговараше со локалните жители. Тој повтори дека Русија извршила воени злосторства и геноцид во […]

Германија протера 40 руски дипломати


Германија– Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја објави одлуката за протерување на 40 руски дипломати, вработени во руската амбасада во Берлин, како „персона нон грата“. Германија протера „значителен број“ руски дипломати, што шефицата на германската дипломатија го нарече одговор на „неверојатната бруталност“ што Кремљ ја спроведе во Украина. Овој потег на Германија следува […]

Во Еквадор уапсен Албанец, еден од најбараните од Интерпол, се маскирал како трговец со овошје


Албанија– Во Еквадор уапсен е Неџет Вокши, еден од најбараните од Интерпол поради меѓународна трговија со дрога, јави дописничката на МИА од Тирана.   – Речиси 10.000 километри од неговата родна земја, Вокши (52) е  уапсен во  León Febres Cordero Avenue на патот кон Самборонд Еквадор. Тој е на црвената листа на Интерпол  Холандија од 15 […]

Сообраќајка на Партизанска, се судри возило на Итна Помош


Сообраќајна незгода се случи попладнево на раскрсницата помеѓу булеварите Партизански одреди и Климент Охридски.  Во неа  учествуваа патничко моторно возило и комбе на итната медицинска помош. Според првичните информации возилото на Итната помош било со прилепски таблички и пренесувало возрасен пациент. Засега нема информации за причината на сообраќајната несреќа и повредени. Повеќе информации од полицијата се […]

Ковачевски: Со субвенционирање на цената на струјата граѓаните штедат во просек месечно 2.150 денари


Со мерките што ги презема Владата за справување со енергетската криза и субвенционирањето на цената за домаќинствата граѓаните просечно месечно штедат по 2.150 денари за сметката за потрошена електрична енергија, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. -Цената на електричната енергија е покачена секаде за 4-5 пати, а некаде и повеќе. Она што Владата го направи, прво […]

Подваријантата на Омикрон БА2 потврдена во Албанија


Албанија – Во Албанија и официјално е потврдено присуството на подваријантата на Омикрон БА2, откако воИнститутот за јавно здравје пристигнал официјален допис од референтната лабораторија во Берлин, каде биле испратени мостри за анализа, јави дописничката на МИА од Тирана. – Сега почна благ раст кога станува збор за нови случаи на заразени, како и на пациенти […]

Грција ќе биде дел од обновата на Одеса


Грција – Единственото нешто што можам да го кажам во моментов, во овие тешки времиња е дека ќе бидеме дел од иднината, помагајќи ви да го реконструирате овој град и да го направите уште поубав, уште подобар, рече министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас на средбата во Одеса со вицепремиерката за европска и […]

Русија загубила три пати повеќе воена опрема од Украина


  Русија изгубила повеќе од три пати повеќе воен хардвер од Украина во првите 40 дена од војната, според сајтот за воена анализа. Потпирајќи се на видео и фотографски докази за уништена, напуштена или заробена опрема, „Орикс“ откри дека Русија изгубила 2.406 парчиња воена опрема – вклучувајќи тенкови, оклопни возила и воени авиони – во […]

Подготвен Националниот план за производство на храна, поголема поддршка на поледелските култури


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) подготви Национален план за производство на храна, чија основна цел е зголемена поддршка на поледелски култури. Како што соопшти денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски, со Националниот план кој ќе биде доставен до Владата, се предвидува измена на програмата за Интервентниот фонд, односно се зголемува поддршката за набавка […]

СЗО: Околу 99 отсто од светската популација дише воздух со лош квалитет


Околу 99 отсто од светската популација дише воздух што ги надминува границите за квалитет на воздухот на Светската здравствена организација, а луѓето во земјите со низок и среден приход се најмногу изложени на загадување, покажува најновата база на податоци на агенцијата на ОН. Извештајот на агенцијата вклучува податоци за загадувачите на воздухот, како што се […]

Елон Маск купи 9,2 отсто од Твитер за 2,9 милијарди долари и стана најголем акционер


Милијардерот Елон Маск презеде удел во Твитер за речиси 3 милијарди долари и стана најголемиот акционер на популарната платформа за микроблогирање. Најбогатиот човек на светот, кој има склоност кон ексцентрично однесување кое често вклучува објави на Твитер, се стекна со 9,2 отсто од акциите на Твитер, според поднесоците до Комисијата за хартии од вредност на […]

Ван Гал обелодени дека боледува од рак на простата


Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луј ван Гал, сподели со јавноста во телевизиско гостување дека боледува од рак на простата. Гостувајќи во емисија на холандска телевизија РТЛ, 70-годишниот Ван Гал рече дека веќе почнал со лекување и оти тоа го криел од своите играчи. Тој додаде дека семејството и блиските пријатели знаеле за тоа […]