Сообраќајка на Партизанска, се судри возило на Итна Помош


Фото: Б. Грданоски

Сообраќајна незгода се случи попладнево на раскрсницата помеѓу булеварите Партизански одреди и Климент Охридски.  Во неа  учествуваа патничко моторно возило и комбе на итната медицинска помош.

Според првичните информации возилото на Итната помош било со прилепски таблички и пренесувало возрасен пациент.

Засега нема информации за причината на сообраќајната несреќа и повредени. Повеќе информации од полицијата се очекуваат во текот на вечерта.