Поштата зад „Капитол“ ќе испорачува пратки


која се наоѓа во Општина Аеродром, на адреса бул. Јане Сандански бб (позади ТЦ Капитол), започнува да работи како испорачна пошта, односно Пошта која ќе врши врачување на поштенски пратки во своите простории, а врз претходно добиено известување за пристигната пратка. Пратките ќе може да се подигнат во поштенската единица 1126, Скопје 26, секој работен […]

Се чисти низ Општина Аеродом


Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Oпштина Аеродром на терен ја реализираат голема пролетна работна акција на подрачјето на општина Аеродром. Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ во рамки на пролетната акција денеска работат на булеварот Србија, а активностите утре продолжуваат на булеварот АСНОМ. До крајот на акцијата ќе се […]

Фајненшл тајмс: Почеток на економска деглобализација, приоритет на безбедноста пред трговијата


Настаните во Украина и реакцијата на западните земји на нив доведуваат до почеток на нов период на економска деглобализација, кој ќе се карактеризира со приоритет на безбедноста пред трговијата, пишува британски весник Фајненшл тајмс. Според главниот економист на американскиот инвестициски фонд BNY Mellon Investment Management Шамик Дару, цитиран од весникот, новите модели на тргување „ќе […]

Што вели Русија за убиствата на цивилите околу Киев?


  Се зголемуваат доказите за очигледните руски злосторства во Украина. Киев ги обвини руските војници за „намерен масакр“ откако на улиците во Буча беа пронајдени телата на најмалку 20 лица облечени во цивилна облека. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги опиша наводните злосторства во Буча како „чин“ што бил „инсцениран“ неколку дена по […]

НЛБ Банка донираше сензорна соба во Македонски Брод како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“


Денеска во општинското основно училиште „Св. Климент Охридски“ во Македонски Брод, официјално беше пуштена во употреба сензорна соба наменета за деца со попречност, опремена со поддршка на НЛБ Банка Скопје. Оваа донација се реализираше во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европска Унија. Првата сензорна соба на територијата на Поречјето […]

Сведоштва од Буча: Луѓето плачеа кога ќе видеа леб, секој ден некој требаше да биде погребан


  Ако сакате да ја дознаете приказната зад мртвите тела, прочитајте го интервјуто со локалниот жител, Владислав Козловски, што го пренесува истражувачката мрежа „Белингкет“, кој бил очевидец на егзекуциите на локалните жители во Буча и живеел во окупираниот град еден месец. Со нив се криел во засолништето од бомби додека не дошле руските војници и […]

И вработените во Пошта ќе штрајкуваат ако не им се зголемат платите


 Синдикатот на Македонска пошта и Синдикалната организација на А.Д. Пошта на Северна Македонија денеска најавија дека на 14-ти месецов  ќе стапат во генерален штрајк на работните места и простории кај работодавачот, доколку во меѓувреме не бидат исполнети поставените барања за итно и неодложно линеарно покачување на нето платите на вработени во износ од 3000 денари. […]

Грковска: „Една точка на услуги“ обезбедува брза и ефикасна испорака на повеќе од 70 услуги за граѓаните


Во рамки на повеќебројните работни активности на Меѓувладината работна група за унапредување на соработката во ЕУ интеграцијата, зелените политики, доброто владеење и дигиталната трансформација, кои денеска се одржаа во Скопје, вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, со министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и колегите од бугарската делегација, предводена од […]

Регистрирани 41 нов случај со Ковид-19, починаа тројца


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.024 тестови, а регистрирани се 41 нов случај со Ковид-19, еден починат и 457 оздравени пациенти. Од вкупниот број позитивни (41), регистрирани се 10 реинфекции, соопшти Министерството за здравство. Од 41 новозаболен, од Скопје се 31, Кавадарци – 4, Неготино – 2, […]

Крадец во Штип фатен на дело


 Во Штип вчера на ул.„Широк дол“ полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Џ.И.(31) од Штип. Тој околу 17.50 часот, информираа денеска од МВР,  бил затекнат при извршување тешка кражба во двор на угостителски објект во Штип, каде со употреба на сила и подесен алат се обидел да одземе предмети. Лицето било […]

Кривичниот суд ги замрзна трите луксузни стана во „Панорама“, новите „бомби“ отфрлени како доказ


По барање на обвинителката Лиле Стефанова, застапник на обвинението во случајот „Плацoви на Водно“, Основниот Кривичен суд – Скопје донесе одлука да се замрзнат трите луксузни стана во „Панорама“ на Водно, кои според искази на дел од обвинетите, наводно се чувале за поранешниот премиер Никола Груевски. Становите се на фирмата „ССИ Инвестмент“, но, според Орце […]

Германија до граѓаните со руско потекло: Не наседнувајте на пропагандата на Кремљ


 Германската влада ги предупреди граѓаните со руско потекло во Германија да не наседнуваат на пропагандата на Кремљ. Владата ги повика граѓаните со руско потекло да се информираат од независни извори за војната во Украина. „Никој не треба да верува во кампањата за дезинформации на руските државни медиуми, кои известуваат цинично и со презир кон жртвите“, […]

Откриена уште една масовна гробница во близина на Киев


  Масовна гробница со тела на најмалку 20 цивили, вклучително и градоначалничката и нејзиното семејство, е откриена во близина на украинскиот главен град Киев како најнов доказ за руските воени злосторства. Јамата е откриена во шума во близина на градот Мотижин, околу 35 километри западно од градот Буча, каде што е пронајдена друга масовна гробница, […]

ФЕД повторно ги зголемува каматните стапки


Банката на федерални резерви (ФЕД), која ја зголеми основната каматна стапка во март за прв пат по повеќе од три години (за 0,25 отсто), ќе ја зголеми дополнително во мај, веројатно за 50 базични поени. Федералните резерви на САД (ФЕД) ја зголемија својата референтна каматна стапка во март за да се соочи со инфлацијата, највисока […]

Свето Јаневски: Храната и енергијата да бидат првите области на кои ќе се фокусираме


Намалување на увозната зависност и инвестирање во самоодржливоста, е најважниот аспект од домашната економија на кој треба да работиме, а храната и енергијата да бидат првите области на кои ќе се фокусираме, порача денеска извршниот директор на Бизнис клубот на Евроатлантскиот совет на Северна Македонија, Свето Јаневски. Во обраќањето на настанот по повод Денот на […]

Кремљ ја осуди намерата на Полска  да дозволи поставување нуклеарно оружје


Кремљ денеска ги осуди коментарите на лидерот на полската владејачка партија Јарослав Качински, кој изјави дека Варшава ќе биде отворена за инсталирање американско нуклеарно оружје на своја територија и го поздрави зголемувањето на бројот на американски војници во Европа за 50 отсто. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков оцени дека таквиот потег само ќе доведе до […]

Ескобар: Украинската криза нема да се прелее во Западен Балкан


Војната во Украина не може да се прелее во БиХ и соседството, а Хрватска е пример за паметна енергетска политика, изјави денеска американскиот специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар. На американско-хрватскиот форум, Ескобар рече дека „не мисли дека“ украинската криза може да се префрли во хрватското соседство, бидејќи таа доведе до враќање на европскиот […]

Русија изгуби супермодерен авион „сухој-35“ вреден 80 милиони долари


  Еден од најмодерните руски борбени авиони, „сухој Су-35“, се урна во близина на Изјум во источна Украина, на околу 120 километри југоисточно од Харков, пишува The Aviationist. Украинците тврдат дека тие го собориле авионот, но оваа информација засега не е потврдена. Пилотот навреме се катапултирал од авионот и набрзо бил заробен од украинските сили. […]

Бензинот поевтинува за 2,5 денари, дизелот за 1,5 денари за литар


  Од вечерва по полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цената на бензинот се намалува за 2,5 денари по литар, а на дизел горивото за 1,5 денари. Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 ќе изнесува 81 денар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 83 денари за литар, додека дизел […]

Ковачевски повика веднаш да запре насилството врз цивилите во Украина


Премиерот Димитар Ковачевски утрово на Твитер објави дека се шокирани од снимките од ослободените градови во Украина како Буча и злосторствата извршени од руските инвазиски сили. „Шокирани сме од снимките од ослободените градови во Украина како Буча и злосторствата извршени од руските инвазиски сили. Насилството врз цивилите мора да запре веднаш, а извршителите и наредбодавачите […]