Поштата зад „Капитол“ ќе испорачува пратки


Фото: Б. Грданоски

која се наоѓа во Општина Аеродром, на адреса бул. Јане Сандански бб (позади ТЦ Капитол), започнува да работи како испорачна пошта, односно Пошта која ќе врши врачување на поштенски пратки во своите простории, а врз претходно добиено известување за пристигната пратка.

Пратките ќе може да се подигнат во поштенската единица 1126, Скопје 26, секој работен ден од 07 – 20.00 часот и во сабота од 8 – 15 часот.

Ова е втора поштенска единица која работи на овој принцип, по поштенската единица 1114, Скопје 14 кај Нова Македонија. По ваквата дисперзирана активност, во поштенската единица приходите од платниот промет се зголемени за 214%, а приходите во писмоносниот дел за 73%. 

Затоа оправданоста е очигледна, и затоа продолжуваме да го правиме тоа и во другите општини, истакна генералниот директор Макрадули.

Со овие активности Пошта на Северна Македонија се доближува до своите корисници во рамки на мисијата „Пошта поблиску до граѓаните“.