Анџелина Џоли во Лавов, ја пречекаа сирени за воздушна опасност (видео)


Славната актерка и оскаровка Анџелина Џоли, беше итно пренесена на безбедно поради стравувањата од неизбежен ракетен напад додека беше во посета на Лавов во Украина. Џоли (46) го привлече вниманието кога се појави видео од нејзиното сталожено одење со придружбата додека се вклучи сирената за воздушен напад. Додека групата беше снимана како оди на безбедно, […]

Русија ја напушта и Меѓународната вселенска станица


  Русија ќе се повлече од Меѓународната вселенска станица (ИСС) и повеќе нема да работи со НАСА и Европската вселенска агенција (ESA), според шефот на нејзината вселенска програма. Генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, денеска изјави за руската државна телевизија дека Москва повеќе нема да соработува со своите меѓународни партнери на ИСС, потврдувајќи дека одлуката […]

Голема гранитна плоча згмечи двајца битолчани, едниот почина, другиот се бори за живот


  БИТОЛА – Голема гранитна плоча згмечи двајца работници на позната битолска фирма која се занимава со изработка на надгробни споменици и скали, при што за повозрасниот повредите биле фатални и починал на лице место, додека другиот е во животна опасност. Несреќата се случила денеска попладнето, додека работниците растоварале гранитни и мермерни плочи од кои […]

Српската влада ја зголеми квотата за извоз на пченица


Владата на Србија на денешната седница усвои амандман на одлуката за времено ограничување на извозот на основни земјоделско-прехранбени производи значајни за населението, со што се овозможува зголемување на квотите за извоз на пченица на 220.000 тони и на пченично брашно на 23.000 тони по месец, јави Танјуг. Ваквата одлука е донесена имајќи предвид дека понудата […]

Хрватските новинари го повикаа Милановиќ да не ја навредува новинарската професија


Хрватското здружение на новинари (ХНД) денеска го повика хрватскиот претседател Зоран Милановиќ да престане да ја навредува новинарската професија, оценувајќи дека изјавите на претседателот за новинарите и медиумите се „несоодветни за осуда“, јави Хина. ХНД се осврна на изјавата на Милановиќ дека не ги следи медиумите и ги опиша со зборовите: „Ме следат, ме следат […]

(Видео) Торнадо го погоди Канзас, три лица повредени, оштетени речиси 100 објекти


Торнадото, кое денеска помина низ делови на американската сојузна држава Канзас, оштети неколку згради и повреди неколку луѓе, додека повеќе од 6.500 домаќинства останаа без струја, објавија властите, пренесува АП. Властите објавија дека олујата проследена со грмотевици зафатила делови од Вичита и Андовер и дека се оштетени 50 до 100 згради, а некои куќи во […]

Реал Мадрид е шампион на Шпанија


Реал Мадрид ја освои 35. титула на Шпанија. Клубот од Мадрид последен пат беше шампион во 2020 година, а минатата сезона нивниот градски ривал Атлетико ја освои титулата. Титулата шампион ја потврдија избраниците на Карло Анчелоти со победата од 4-0 против Еспањол на „Сантијаго Бернабеу“. Реал до победата дојде со головите на Бразилецот Родриго во […]

Проектил го погоди аеродромот во Одеса и ја оштети пистата


Руските сили извршија ракетен напад на аеродромот во Одеса, при што пистата е оштетена и сега е неупотреблива, соопшти денеска украинската армија. Украинските медиуми повикувајќи се на очевидци јавуваат дека во Одеса одекнале неколку експлозии, откако се огласиле сирените за воздушниот напад. 

Ердоган го нарече победа поразот на Марин Ле Пен во Франција


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го оквалификува како „победа“ поразот на кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен минатиот викенд на претседателските избори во Франција, пренесоа турските медиуми. „Отстранувањето и поразот на екстремистичките ставови на француските избори ми се чини дека е победа, бидејќи се од што страдаме е предизвикано од екстремизам“, изјави Ердоган. […]

Почина Мино Рајола, најпознатиот фудбалски менаџер, веста ја соопшти неговото семејство


Мино Рајола почина на 55-годишна возраст, објави неговото семејство на својот официјален профил на Инстаграм. Рајола беше менаџер на многу планетарно популарни фудбалери, од Златан Ибрахимовиќ до Пол Погба, Марко Верати до Ерлинг Браут Халанд и Матијс де Лигт. Во семејната порака се вели: „Мино се бореше до крај со истата сила што ја стави […]

Над илјада вработени во текстилни фабрики земале плата помала од минималната


Од Здружение за заштита на работничките права „Гласен текстилец“, укажуваат дека  околу 1.000 вработени во седум компании во источниот дел од земјата добиле плата која е помала од минималната утврдена со закон. Станува збор за вработени кои редовно оделе на работа со полно работно време, но и покрај тоа, им била исплатена плата која била […]

Ливерпул остана во трка за титулата


Фудбалерите на Ливерпул забележаа попладнево исклучително важна победа (1-0) на гостувањето кај Њукасл и привремено го презедоа првото место на табелата во Премиер лигата. Голот вреден три бодови го постигна Наби Кеита во 19 минута на асистенција на Диего Жота. Фудбалерите на Њукасл бараа фаул во напад, но главниот судија Андре Маринер по кратка проверка само го […]

Форбс: Русија досега истрела врз Украина проектили вредни 7,5 милијарди долари


Руските сили испукале 1.300 проектили врз Украина, и тоа неа ја чини најмалку 7,5 милијарди долари, објави магазинот Форбс. Москва истрела 235 ракети „Калибар“ кон Украина. Тешко е да се пресмета точниот број на други видови ракети лансирани во Украина, но според Министерството за одбрана на 24 март, нивниот сооднос е следниов: 62 отсто од […]

(Фото) Свечености по повод Денот на полицијата – 7 Мај


Денеска во Струмица, Струга, Велес, Крива Паланка и Крушево започнаа свечените активности по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција. Под мотото „МВР за граѓаните“, се одржаа свечености на кои присуствуваше раководството на МВР на различни локации во државата, но со заедничка цел – полицијата да биде заедно со граѓаните, да се демонстрира партнерството […]

Највисоката бруто плата во Црна Гора во март била 115.250 евра


Највисоката бруто-плата во Црна Гора во март годинава изнесува 115.250 евра, а тоа е плата на вработен во секторот за компјутерско програмирање, информираат од Управата за приходи и Царина, доставени до порталот РТЦГ, пренесе Банкар.ме. Според Управата за приходи и Царината, во текот на март 2022 година десетте најголеми бруто плати (плати со даноци и […]

Маричиќ: Сакаме документ со јасно исцртани обврски за Северна Македонија и Бугарија


Сакаме документ со јасно исцртани обврски за Северна Македонија и Бугарија, за да немаме нови барања кога сегашните ќе се решат, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Во синоќешното интервју за „360 степени“, Маричиќ напомена дека Владата останува посветена на разговорите со Бугарија и на изнаоѓање решение за подигнување на ветото, повторувајќи го притоа […]

Квалификации СП: Украина на 11 мај гостува во Менхенгладбах


Фудбалската репрезентација на Украина во рамки на подготовките за мундијалскиот бараж ќе одигра пријателски натпревар против германскиот прволигаш Борусија од Менхенгладбах. Натпреварот е закажан за 11 мај во Менхенгладбах, а целиот приход од влезниците ќе биде наменет за украинските семејства кои ја напуштија земјата поради руската инвазија. – Задоволство ни е што ќе ја нагостиме […]

Граѓаните на Косово во банките имаат 4,75 милијарди евра заштеди и 3,93 милијарди кредити


Граѓаните на Косово, и покрај тоа што се погодени од пандемијата и порастот на цените во сите сектори, се покажаа како мошне штедливи, така што нивните заштеди во банките, според податоците од почетокот на март годинава, достигнаа рекордни 4,75 милијарди евра, објави агенцијата КосоваПрес. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, според официјалните статистики […]

Вучиќ за воведување санкции кон Русија: Србија е под огромен притисок


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека со американскиот сенатор Крис Марфи не разговарал за воведување санкции против Русија, но и дека Србија е под сериозен притисок од сите страни да се приклучи, јави дописникот на МИА од Белград. Одговарајќи на новинарски прашања по одржување на воената вежба „Штит 2022“ во Батајница, Вучиќ оцени […]

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд за продолжениот празничен викенд


Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни, а наместа проследени со грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Попладне локално ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен […]