Српската влада ја зголеми квотата за извоз на пченица
Владата на Србија на денешната седница усвои амандман на одлуката за времено ограничување на извозот на основни земјоделско-прехранбени производи значајни за населението, со што се овозможува зголемување на квотите за извоз на пченица на 220.000 тони и на пченично брашно на 23.000 тони по месец, јави Танјуг.
Ваквата одлука е донесена имајќи предвид дека понудата на домашниот пазар со овие производи е стабилна, а имајќи предвид дека од анализата на залихите е утврдено дека пазарниот суфицит е поголем од квотата за мај, па затоа е неопходно да се ослободи простор за складирање на нови култури.односно производи, се наведува во соопштението.