Над илјада вработени во текстилни фабрики земале плата помала од минималната


Од Здружение за заштита на работничките права „Гласен текстилец“, укажуваат дека  околу 1.000 вработени во седум компании во источниот дел од земјата добиле плата која е помала од минималната утврдена со закон.

Станува збор за вработени кои редовно оделе на работа со полно работно време, но и покрај тоа, им била исплатена плата која била и до 2.000 денари пониска од минималната. До здружението биле пријавени и случаи на 970 вработени кои добиле плата од 18.000 денари, но не им биле исплатени додатоци. 

Како што појаснуваат од „Гласен текстилец“станува збор за податоци кои биле собрани во изминативе пет дена и најавуваат дека по комплетирањето ќе ги достават до Инспекторатот за труд.

Од „Гласен текстилец“ прашуваат како е можно низ институциите во државата да поминува плата под минималната.