Анџелина Џоли во Лавов, ја пречекаа сирени за воздушна опасност (видео)


Славната актерка и оскаровка Анџелина Џоли, беше итно пренесена на безбедно поради стравувањата од неизбежен ракетен напад додека беше во посета на Лавов во Украина.

Џоли (46) го привлече вниманието кога се појави видео од нејзиното сталожено одење со придружбата додека се вклучи сирената за воздушен напад.

Додека групата беше снимана како оди на безбедно, една придружничка се сврте кон камерата и рече „те молам, немој повеќе“.

Самата актерка одвои време да поздрави кон камерата и инсистираше „Добро сум“ кога ја прашаа.

Џоли долги години работи како специјален пратеник на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (ОН), но спецификите на нејзиното патување во Украина се нејасни.

Лавов беше нападнат од руската армија во последните недели и на почетокот на овој месец, кога во ракетниот напад врз градот загинаа најмалку седум лица.

Претходно, Украинката Маја Пидородецка на Фејсбук објави уште едно видео од познатата актерка.

„Ништо посебно. Само Лавов. Отидов само да испијам кафе. Само Анџелина Џоли“, напиша таа на украински по снимањето на актерката, која и мавна од пултот.

„Украина е едноставно поддржана од целиот свет“.

Во клипот на Пидородецка, Џоли беше видена како среќна разговара со локалното население во Лавов, носејќи лежерна облека.

Многумина кои ја препознаа беа изненадени од глетката бидејќи не очекуваа овaa оскаровка да влезе во украинско кафуле среде војна.

Во видеото снимено од обожавателка што го сподели Дејли Мејл, Анџелина влегува во кафуле во сива тренерка и со светла пунџа на главата, а весело им мавташе и им се насмевна на луѓето кои ја препознаа.

 

Видеото на кое се гледа како Џоли потпишува парче хартија и мавта кон камерата, беше објавено на Фејсбук и имаше повеќе од 19.000 споделувања.

Во февруари, Џоли зборуваше за војната во Украина во објава до нејзините 12,7 милиони следбеници на Инстаграм.

Таа напиша: „Како и многумина од вас, јас се молам за луѓето во Украина.

Многумина се прашуваат што прави Анџелина во Украина, но се претпоставува дека дошла да им помогне на настраданите од војната која неуморно трае речиси два месеци.

Џоли е позната по својот хуман дух, па така во текот на животот учествувала во неколку хуманитарни акции во кои им помагала на децата, најмногу во Африка и дека е слаба на децата и дека нејзината желба навистина да помогне се покажала со посвојувањето на три деца. – два сина Медокс и Пакс и ќерката Захари.

Анџелина не е првата американска славна личност која слета во Украина за време на актуелниот конфликт.

Американскиот актер Шон Пен се сретна со претседателот на земјата и присуствуваше на владините брифинзи за печатот како дел од снимањето на документарен филм.

Кога Киев беше нападнат, Пен и неговиот тим пешачеа милји до полската граница.

Шеесет и едногодишниот актер рече дека и тој и неговата филмска екипа одлучиле да го напуштат автомобилот и тргнале пеш откако виделе илјадници Украинци како бегаат за безбедност и колони кои се протегале со километри.

Пен опиша како автомобилите биле полни со жени и деца, а нивната единствена вредност била возилото со кое патувале.