Реал Мадрид е шампион на Шпанија


Реал Мадрид ја освои 35. титула на Шпанија. Клубот од Мадрид последен пат беше шампион во 2020 година, а минатата сезона нивниот градски ривал Атлетико ја освои титулата. Титулата шампион ја потврдија избраниците на Карло Анчелоти со победата од 4-0 против Еспањол на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал до победата дојде со головите на Бразилецот Родриго во 33. и 43. минута од играта и головите на Марко Асенсио во 55. минута и Бензема во 81. минута. 

Реал на четири кола пред крајот на Ла Лига ја потврди титулата. Мадриѓаните имаат 81 бод, 17 повеќе од второпласираната Севиља и 18 од Барселона, која има еден натпревар помалку. Во случај Барселона утре вечер да ја победи Мајорка и да заостане 15 бода, Реал се уште е математички недостижен. Во среда Реал го очекува реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Во првиот натпревар против Манчестер Сити на Етихад, Реал загуби со 4:3.