Руско МНР: Формално замрзнат Дијалогот помеѓу Москва и и Вашингтон за стратешка стабилност


Претставникот на руското Министерство за надворешни работи Владимир Јермаков денеска изјави дека е замрзнат Дијалогот помеѓу Москва и Вашингтон за стратешка стабилност. Јермаков, кој е вршител на должноста шеф на контролата за неширење на нуклеарното оружје, изјави дека тие контакти би можеле да бидат обновени кога ќе заврши руската „специјална воена операција“ во Украина. – […]

Битиќи: Платите во јавниот сектор ќе растат, но потребни се и коренити промени кои ќе носат продуктивност и ефикасност


Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, денеска на прес конференција оцени дека првите 100 дена од дејствувањето на Владата „се веројатно едни со најголеми предизвици и вистината е дека и следните 100 дена, а и тие по нив, ќе треба и ќе се справуваме со истите“. Тој нагласи дека Владата успеала да остане солидарна и никој […]

За Николоски, Ковачевски е „формален лидер“ на СДСМ, но понудата за лидерска средба со Мицкоски важи


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска во Неготино го нарече премиерот Димитар Ковачевски „формален претседател на СДСМ“, кој иако ја одбил понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за лидерска средба, таа сепак се уште важела. Запрашан од новинарите, дали и покрај одбивањето на Ковачевски за лидерска средба со Мицкоски, се уште важи понудата, тој […]

Во Софија се формира мрежа на бугарско-македонски клубови за пријателство во двете земји


Прва дигитална телеконференција на македонски и бугарски интелектуалци, општествени работници, новинари и претприемачи ќе се одржи во вторник во прес-клубот на БТА во Софија и во Институтот за Општествените и хуманистичките науки во Скопје. -На дигиталната телеконференцијата ќе биде објавен Заеднички документ за зближување и соседство, кој ќе биде патоказ за градење целосен процез за […]

НБ: „Фич“ оцени дека стабилноста на денарот овозможува одржување на макроекономската и финансиската стабилност


Кредитната рејтинг агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава ББ+. Во извештајот се наведува дека ваквата оцена е поткрепена со кредибилните и конзистентни политики, поддржани од долгогодишната стабилност на девизниот курс на денарот. „Фич“ нотира дека соодветното ниво на девизни резерви, овозможи задоволување на потребната девизна ликвидност на почетокот на 2022 година. Девизните резерви […]

Киев тврди дека Русија украла тони жито од Украина


Руските трупи украдоа значително количество жито од окупираните територии на Украина, изјави заменик министерот за земјоделство Тарас Висоцки. Тој додаде дека е загрижен оти Москва би можела да преземе над 1,5 милиони тони жито складирано на окупираните територии. Украина е четврти најголем извозник на житни култури во светот, а во сезоната 2020/2021 година продаде 44,7 […]

МФ: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Северна Македонија


Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Северна Македонија на „ББ+“ со негативен изглед. Агенцијата нотира добро владеење, како и кредибилна и кохерентна макрофинансиска политика, конзистентна со долго одржуваниот фиксен девизен курс. Како што соопшти денеска Министерството за финансии, задржувањето на кредитниот рејтинг е особно значајно за РС Македонија во услови на […]

Продолжениот викенд повторно го наполни Охридското крајбрежје


Продолжениот Првомајски викенд, кој годинава се поклопува со празникот Рамазан Бајрам, повторно го исполни Охридското крајбрежје. Хотелските капацитети, според првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески, се исполнети повеќе од минатиот продолжен викенд за Велигденските празници. – Има гости, мислам дека хотелите се исполнети повеќе од Велигденските празници. Очекуваме 60 до 70 […]

Како американските разузнавачи ѝ помагаат на Украина во војната?


Соединетите Американски Држави ѝ помогнаа на Украина да ги спречи напорите на Москва да го заземе Киев и неколку други региони со споделување на толку детални разузнавачки информации што Украина точно знаеше кога и каде ќе паднат руските бомби. Во операција за размена на информации без преседан, американските шпионски агенции дури и ги открија на […]

Голем шумски пожар во американската сојузна држава Ново Мексико


Пожарникарите во Ново Мексико не успеаја да го изгасат најголемиот шумски пожар во САД, што се приближува до планинските села. Поради пожарот илјадници луѓе од долината Мора, околу 60 километри североисточно од Санта Фе, се подготвуваат за евакуација. – Силниот ветер го разнесува жарот на повеќе од 1,5 километри и го шири пожарот што на […]

Лекарска комора: Континуираната едукација е клучна за зголемувањe на опфатот со вакцинација


Вакцинација е најдобрата заштита од сериозни заразни болести, но и една од најуспешните и најисплатливите инвестиции на јавното здравство, а лекарите имаат клучна улога во проширувањето на опфатот со вакцини, соопшти Лекарската комора по повод Светската недела на имунизација, која се одбележува последната недела од април, а чие мото годинава е „Долг живот за сите“. […]

Блумберг: САД ќе привлекуваат висококвалификувани експерти од Русија


Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја истражува можноста за укинување на дел од барањата за виза за руските експерти, со цел да се олесни нивниот влез во САД и на тој начин да се ослабне рускиот високотехнолошки потенцијал, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори. Администрацијата на Бајден побарала од Конгресот начин да го отстрани условот за докажување на вработување […]

Лавров: Укинувањето на санкциите против Русија е дел од преговорите со Украина


Укинувањето на санкциите наметнати на Русија е дел од мировните преговори меѓу Москва и Киев, кои се тешки, но продолжуваат на дневна основа, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. – Руската и украинската делегација всушност секојдневно разговараат преку видео врска за нацрт за евентуален договор, истакна Лавров. Украинскиот претседател Володимир Зеленски од почетокот на […]

Ништо од обештетувањето за запленетите авиони во Русија


Околу половина од 1.000 авиони во руската флота се во сопственост на странски лизинг компании, наведува агенцијата Блумберг. Неколку дена по почетокот на нападот, ЕУ им нареди да ги вратат авионите. Околу 30 авиони беа запленети во Хонг Конг, Истанбул и Мексико Сити, но околу 400 останаа во Русија. Повеќето од нив се регистрирани во […]

Рамазан – светиот месец на муслиманите: Постот содржи посебна светлина, која ни е особено потребна изминатиов период


За верниците од исламска вероисповед сè уште трае 30-дневниот рамазански пост, период во кој тие од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Рамазан е деветтиот месец во исламскиот календар. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови, е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Верниците мора […]

Киро Урдин: Уметноста е пат во непознатото, а основата за сè е љубовта


Уметноста треба да оди по својот пат, да се развива, да се измислуваат нови патишта, нови форми, но она што стана една деформација на светскиот дух и главна поента е профитот, интересот. Тука уметноста станува жртва благодарение на голем број уметици кои се соучесници на таа идеја, вели во интервју за МИА ликовниот уметник Киро […]

Телефонски разговор Петков – Шолц, тема и Македонија


Премиерот на Бугарија Кирил Петков по враќањето од Романија телефонски разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц, јави дописникот на МИА од Софија. Петков и Шолц разговарале за интеграцијата на Западен Балкан во Европска Унија и соработката со Северна Македонија, за суспензијата на рускиот гас од страна на „Газпром“ за Бугарија и за посетата на Украина. […]

Мемфис последен четвртфиналист во плејофот на НБА-лигата


Мемфис рано утрово ја совлада Минесота во шестиот натпревар од првото коло на НБА плејофот со 114:106. Гризлис по оваа победа на гостински терен ја добија серијата со вкупни 4-2 и обезбедија пласман во четвртфиналето. Брукс со 23 поени беше најефикасен во победничката екипа, Едвардс постигна 30 во домашниот тим. Следен противник на Мемфис ќе […]

Очекуваниот животен век при раѓање во 2020 година кај нас e 74,4 години, во ЕУ изнесува 80,4


Очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ во 2020 година изнесува 80,4 години, што е за 0,9 години пониско споредено со претходната 2019 година. Највисок очекуван животен век на ниво во ЕУ при раѓање имаат жителите на Норвешка – 83,3, Исланд и Швајцарија – по 83,1 години, додека најмал Бугарија – 73,6 години и Романија […]

Лавров: Молдавците треба да се загрижени за својата иднина


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров вчера изјави дека Молдавците треба да се загрижени за својата иднина бидејќи земјата ја вовлекуваат во НАТО. Во текот на изминатата недела мистериозни експлозии одекнаа на повеќе локации во Транснистрија, регион во Молдавија со посебен статус, но речиси под целосна контрола на Москва, каде се стационирани руски трупи. Тоа […]