Највисоката бруто плата во Црна Гора во март била 115.250 евра


Највисоката бруто-плата во Црна Гора во март годинава изнесува 115.250 евра, а тоа е плата на вработен во секторот за компјутерско програмирање, информираат од Управата за приходи и Царина, доставени до порталот РТЦГ, пренесе Банкар.ме.

Според Управата за приходи и Царината, во текот на март 2022 година десетте најголеми бруто плати (плати со даноци и придонеси) се движеле од 52.667 евра до 115.250 евра.

„Тие плати се исплатени во следните дејности – компјутерско програмирање, друго парично посредување, авионски превоз на патници, консултантски дејности поврзани со бизнисот, екстракција на сурова нафта“, покажуваат податоците на Управата.

Список на десетте највисоки бруто плати во март 2022 година и дејности во кои се исплатени:

115.250 евра – компјутерско програмирање;
99.400,46 евра – друго монетарно посредување;
98.321,30 евра – друго монетарно посредување;
93.256,62 евра – воздушен превоз на патници;
73.317,44 евра – друго монетарно посредување;
69.690,63 евра – друго монетарно посредување;
67.462,70 евра – деловни консултантски активности;
60.664,74 евра – вадење сурова нафта;
56.220,82 евра – друго монетарно посредување;
52.667,44 евра – друго монетарно посредување

Инаку, просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во текот на март изнесувала 704 евра, покажуваат податоците на Заводот за статистика – Монсата.

Истовремено, просечната бруто плата со даноци и придонеси била 868 евра.

Споредено со платите од февруари, минатиот месец тие се пониски за 0,3 отсто, додека во однос на март лани се повисоки за 33,8 отсто.

„Ако се има предвид дека потрошувачките цени во март во однос на февруари се зголемени за 3,4 отсто, произлегува дека реалните плати за истиот период паднале за 3,6 отсто. Просечната бруто плата во првиот квартал годинава, во однос на четвртиот квартал од 2021 година, е зголемена за 9,6 отсто“, прецизираат од Монстат.

Во текот на месецот платите најмногу пораснале кај услугите за сместување и храна за шест отсто, а значително помалку во финансиите и осигурувањето (2,6 отсто), недвижностите (2,5) и градежништвото (2,4). Од друга страна, најголем пад на нето-платите има во секторите земјоделство, шумарство и рибарство од дури 21,1 отсто, потоа снабдување со електрична енергија (3,1 отсто), јавна администрација (2,9) и информации и комуникации (2,4 ).