Седуммина загинаа кога камион удри во воз во Унгарија


Најмалку седуммина загинаа утрово на југот на Унгарија, кога камион удри во воз исфрлајќи го од пругата, соопшти полицијата. Повеќе лица загинаа местото на несреќата, а уште неколку се повредени. „Спаувачките напори уште траат, затоа не можеме да зборуваме за точната бројка загинати“ рече портпаролот на полицијата за агенцијата Ројтерс. Several killed after truck crashes […]

Атлетик e најдобар професионален клуб во сезоната


Франција – Шпанскиот Атлетик од Билбао ја доби наградата на Европската фудбалска асоцијација, „Grassroots Football Awards“ која се доделува за најдобар професионален клуб на континентот во сезоната, објавено е на веб-страницата на организацијата. Како што е наведено, Атлетик извршува важни општествени задачи. Конкретно, клубот има вграден систем за тренирање и одлично работи со младите играчи. Фудбалските […]

Совети за луѓето со дијабетес кои сакаат да постат за Рамазан


БиХ– Рамазан, периодот во којшто муслиманските верници постат од изгрејсонце до зајдисонце, започна на 2 април. Што значи ова за луѓето кои имаат дијабетес и коишто треба да го задржат шеќерот во крвта под контрола? Дијабетесот е доживотна здравствена состојба која предизвикува високи нивоа шеќер во крвта. Постојат два главни вида дијабетес – тип 1 […]

Џеф Кунс скулптурите ќе ги лансира на Месечината


САД– Американскиот уметник на поп-артот Џеф Кунс најави нов проект во кој ќе создаде серија минијатурни скулптури поврзани со различни NFT (незаменливи токени). Потоа планира да ги испрати на Месечината.   Скулптурите со уникатниот дигитален NFT од проектот наречен „Jeff Kuons: Moon Phases“ ќе бидат лансирани во вселената од вселенската станица „JF Kennedy“ во Кејп […]

Новата британска карта на руските напади покажува огромни промени


На најновата британска карта објавена во понеделникот вечерта видливи се огромни промени во однос на претходната. Британското министерство за одбрана, кое од почетокот на војната во Украина секој ден објавува карта од состојбата на боиштата, означи дека големи подрачја околу Киев се ослободени. Украина уште за време на викендот објави дека се ослободени огромни подрачја […]

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка


Најстудено утрово е на Попова Шапка со -4 степени, нула степени се измерени во Маврови Анови, а максимални седум степени во Демир Капија и Гевгелија. На Попова Шапка има и најмногу снег 10 сантиметри. Како што соопшти УХМР, најмногу дожд до 8 часот изутрина наврнал во Гевгелија каде се измерени шест литри на метар квадратен, во […]

Во војната во Украина досега загинаа 18 новинари


Осумнаесет новинари се убиени во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. Ова го соопшти украинското Министерство за култура и информации, пренесува Би-Би-Си. „Секоја смрт и други злосторства врз претставници на медиумите ќе бидат истражени“, се вели во соопштението на Министерството. Уште 13 новинари се повредени, осуммина се киднапирани или заробени, а тројца […]

Пјонгјанг ќе ја гаѓа Јужна Кореја со нуклеарно оружје доколку биде нападнат


Пјогнјанг ќе ја гаѓа Јужна Кореја со „нуклеарна борбена сила“ доколку биде нападнат, ја пренесуваат севернокорејските државни медиуми изјавата на Ким Јо-јонг, влијателната сестра на севернокорејскиот претседател Ким Јонг-ун. „Во случај Јужна Кореја да се реши за воен судир со нас, нашата нуклеарна борбена сила ќе мора неизбежно да ги спроведе своите задачи“, рекла Јо-јонг, […]

САД го укинаа плаќањето на рускиот долг преку американски сметки


Американското Министерство за финансии го суспендираше плаќањето на долгот во долари од сметките на руската Влада во американските банки, зголемувајќи го притисокот врз Москва да најде алтернативни извори на финансирање за плаќање на инвеститорите во обврзници, јави Блумберг. Тој потег има за цел да ја принуди Русија да избере помеѓу три непривлечни опции – трошење […]

Телефонски разговор меѓу министрите за надворешни работи на Кина и Украина


Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји телефонски разговараше со својот украински колега Дмитриј Кулеба и повтори дека Пекинг бара преговори за прекин на конфликтот во Украина. Пекинг соопшти дека разговорите меѓу двајцата дипломати се одвивале на барање на украинската страна и оти ова е прв официјален контакт меѓу претставниците на двете земји на високо ниво од […]

Куба ја укина 60-годишната забрана за професионалниот бокс


Кубанските боксери се слободни да се натпреваруваат на професионално ниво за прв пат од 1962 година, објави „ESPN“. Националната боксерска федерација ја укина 60-годишната забрана откако постигна договор со организаторот на „Golden Ring“, промотивно шоу кое ќе се одржи на 20 мај во Мексико. Во шоуто се очекува да учествуваат олимписките шампиони од Токио, Хулио Сезар […]

Во Украина сега има околу 600 руски затвореници


Во моментов има околу 600 Руси кои се во затвор во Украина, изјави синоќа украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, која воедно е и министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии на Украина. – Сега ги има околу 600, ако зборуваме за вкупниот број. Знаете, мораме да изградиме посебен камп во согласност со меѓународното право, изјави Верешчук, […]

Намален бројот на заразени, хоспитализирани и починати од Ковид-19


Продолжува намалувњето на бројот на заразени, хоспитализирани и починати од КОВИд-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 28 март до 3 април 2022 година. Тестирани се 14.873 материјали, а регистрирани сe 1.602 нови позитивни случаи од 30 градови во државата, што е намалување од 5,4% во однос на претходната седмица. […]

Западна Африка се соочува со историски недостиг на храна


Западноафриканскиот регион историски гледано се соочува со најголем недостиг на храна, поттикнат од регионалните конфликти, сушата, но и влијанието на украинската војна врз цените и достапноста на храната, соопштија хуманитарните агенции. Во регионот има околу 27 милиони гладни, а тој број до јуни би можел да се зголеми на 38 милиони, што е за 40 […]

САД неделава ќе објават нови санкции против Русија


САД и сојузниците во текот на оваа недела ќе објават нови економски санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина, соопшти синоќа американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан. Тој истакна дека разговорите меѓу западните земји сега се однесуваат првенствено за можни мерки „поврзани со енергијата“, многу чувствително прашање меѓу Европејците кои се во голема […]

Претпладне облачно, од пладне ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност


Времето ќе биде променливо облачно, претпладне во јужните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје, претпладне претежно облачно, од пладне облачноста ќе се намалува и […]

Зеленски ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН


Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН. Тој изрази уверување дека ќе се откријат уште полоши случаи на масовни убиства на цивили извршени од руски војници од тие што неодамна беа откриени во Буча. На денешната седница на Советот за безбедност ќе се разговара за украинските […]

Пресуда за „Топлик“


Во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Топлик“ во кој првообвинет е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. За злоупотреба на службената положба и овластувања, обвинети се уште пет лица од Министерството за транспорт и врски, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања. Предметот кој беше […]

За рускиот амбасадор во Советот за безбедност на ОН, видеото за масакрот во Буча е „лага“


Амбасадорот на Русија во Советот за безбедност на ОН Василиј Небензја одржа прес-конференција на која изрази незадоволство поради тоа што на барање на Русија не е свикан состанок на Советот за безбедност на ОН и изнесе голем број тврдења за кои наведе дека докажуваат оти видеото кое сугерира дека Русите го извршиле масакрот во Буча […]

Украина објави список на руски војници кои ги смета одговорни за злосторствата во Буча


Украинската разузнавачка служба објави список за кој се тврди дека вклучува руски војници кои извршиле злосторства врз цивили во Буча. Списокот, објавен на веб-страницата на Министерството за одбрана, вклучува имиња, датуми на раѓање, броеви на пасоши и чинови на околу 2.000 војници. Покрај тоа стои порака: „Запомнете! Сите воени злосторници ќе бидат изведени пред лицето […]