Новата британска карта на руските напади покажува огромни промени


На најновата британска карта објавена во понеделникот вечерта видливи се огромни промени во однос на претходната.

Британското министерство за одбрана, кое од почетокот на војната во Украина секој ден објавува карта од состојбата на боиштата, означи дека големи подрачја околу Киев се ослободени.

Украина уште за време на викендот објави дека се ослободени огромни подрачја северно, североисточно и северозападно од  Киев, а Британците сега ја ажурираа картата. Така, на новата британска карта се гледа дека Русите потполно се отфрелни од Киев и околината и дека се принудени да се повлечат се до границата со Белорусија.

Според оваа карта, практично целиот север на земјата е ослободен, вклучително и толку споменуваната нукелеарка Чернобил. Останаа само два џепа покрај самата граница со Белорусија каде уште се водат борби.Картата бележи огромно ослободување на територијата од Киев кон исток.

Погледнете ја споредбата на состојбата од неделата и понеделникот.

Секако, до овие промени не дојде за еден ден, туку Британците сега одлучија да ја ажурираат картата и со тоа потврдија дека сметаат оти тие области се под контрола на Украина.