Телефонски разговор меѓу министрите за надворешни работи на Кина и Украина


Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји телефонски разговараше со својот украински колега Дмитриј Кулеба и повтори дека Пекинг бара преговори за прекин на конфликтот во Украина.

Пекинг соопшти дека разговорите меѓу двајцата дипломати се одвивале на барање на украинската страна и оти ова е прв официјален контакт меѓу претставниците на двете земји на високо ниво од 1 март.

– И двајцата го делиме верувањето дека ставањето крај на војната против Украина им служи на заедничките интереси на мирот, глобалната безбедност и меѓународната трговија, навел шефот на украинската дипломатија.

Кинескиот министер изјавил дека војните секогаш завршуваат и истакна дека е клучно да се размислува за болните последици од конфликтот и како да се одржи трајната безбедност во Европа и да се воспостави избалансиран, ефикасен и одржлив европски безбедносен механизам.

Министерот Ванг Ји потврди дека Кина е подготвена да преземе „конструктивна улога во објективна позиција“.