Во Украина сега има околу 600 руски затвореници


Во моментов има околу 600 Руси кои се во затвор во Украина, изјави синоќа украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, која воедно е и министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии на Украина.

– Сега ги има околу 600, ако зборуваме за вкупниот број. Знаете, мораме да изградиме посебен камп во согласност со меѓународното право, изјави Верешчук, пренесува „Украинска правда“.

Таа додаде дека прашањето за големиот број затвореници било разговарано на средба со владини претставници.

– Разговаравме како да ја принудиме Русија да дозволи Црвениот крст да стигне до нашите затвореници и како да ја принудиме Русија да ослободи затвореници. Некои од нив се притворени во регионите Доњецк и Луганск од 2014 година, вклучително и жени, соопшти украинската вицепремиерка.