Во војната во Украина досега загинаа 18 новинари


Осумнаесет новинари се убиени во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. Ова го соопшти украинското Министерство за култура и информации, пренесува Би-Би-Си.

„Секоја смрт и други злосторства врз претставници на медиумите ќе бидат истражени“, се вели во соопштението на Министерството.

Уште 13 новинари се повредени, осуммина се киднапирани или заробени, а тројца новинари се водат како исчезнати.

Министерството има информации дека се извршени злосторства против новинари од 11 земји, вклучително и Украина.