Седуммина загинаа кога камион удри во воз во Унгарија


Најмалку седуммина загинаа утрово на југот на Унгарија, кога камион удри во воз исфрлајќи го од пругата, соопшти полицијата. Повеќе лица загинаа местото на несреќата, а уште неколку се повредени.

„Спаувачките напори уште траат, затоа не можеме да зборуваме за точната бројка загинати“ рече портпаролот на полицијата за агенцијата Ројтерс.

Несреќата се случила на преминот во Миндшент, во близина на унгарско-српската граница, нешто пред седум часот според средноевропско време.

Камионот поминал на црвено

По ударот возот бил исфрлен од пругата и паднал во канал. Полицијата го затвори патот за спасувачите и инспекторите да можат да работат, а на местото на несреќата пратен е и хеликоптер на итната помош.

Локален портал delmagyar.hu јавува за седум мртви.

Државната железничка компанија објави дека од пругата излегол вагон во кој имало 22 патници. Возилото тргнало преку пругата игнорирајќи го црвеното светло, додаваат од компанијата.