Ниеден цивил не е повреден во Буча, тврди рускиот амбасадор во ОН


Рускиот амбасадор Василиј Небензија

 

Рускиот амбасадор во ОН инсистираше на тоа дека нема повредени цивили за време на едномесечната руска окупација на украинскиот град Буча – и ја обвини Украина за фабрикување докази.

Како што објавија светските медиуми, телата на десетици цивили, како и масовна гробница се пронајдени по повлекувањето на руските трупи.

Но, говорејќи на прес-конференција во Њујорк, Василиј Небензија рече дека тоа е „исценирана провокација“ од западните земји.

Тој, исто така, ја обвини Велика Британија за „невидена злоупотреба“ на нејзината улога овој месец како претседател на Советот за безбедност на ОН поради одбивањето да ѝ дозволи на Русија да обелодени факти за инцидентите во Буча.

Би-Би-Си ги потврди снимките во Буча во последните денови и откри дека телата на улиците би биле таму неколку дена, додека градот бил под руска контрола.