Од први март дозволени повеќедневни училишни екскурзии во Грција со задолжително тестирање пред поаѓањето


Во рамки на постепеното олабавување на мерките во Грција што започнува в сабота, по пауза од две години, дозволени ќе бидат и училишни екскурзии, а според Министерството за образование, повеќедневните екскурзии може да се организираат од први март, но со задолжително претходно тестирање, јави дописничката на МИА од Атина. Министерката за образование на Грција Ники […]

Европскиот парламент одобри 1,2 милијарди евра помош за Украина


Европскиот парламент одобри итна програма за макрофинансиска помош од 1,2 милијарди евра за Украина. На пленарната седница одржана вчера во Стразбур, за средствата гласаа 598 од вкупно 694 европратеници, јави Бгнес. Програмата ќе стапи во сила по нејзиното одобрување од Советот на ЕУ. Помошта е наменета за одржување на економската и финансиската стабилност на Украина […]

Франција и партнерите објавија повлекување на трупите од Мали


  Франција заедно со своите европски и меѓународни партнери во четвртокот го објави крајот на својата деветгодишна воена контра-бунтовничка операција во Мали, во услови на растечки тензии со воената хунта во земјата. „Поради повеќекратните опструкции од страна на преодните власти на Мали, Канада и европските држави кои дејствуваат заедно со (француската) операција ‘Бархан’ и во […]

ОН: Повеќе смртни случаи поради загадена животна средина, отколку од Ковид-19


Загадувањето на животната средина предизвикува поголем број смртни случаи во светот, отколку Ковид-19, се наведува во новиот извештај на Обединетите нации. Специјалниот известувач на ОН, Давид Бојд информира дека најмалку девет милиони предвремени смртни случаи се предизвикани од загадување или токсини во околината. Тој број е за двојно поголем од смртните случаи евидентирани во првите […]

ЗОИ: Олимписки рекорд за јапонската лизгачка Такаги


Јапонката Михо Такаги го освои златото во брзо лизгање на 1 000 метри на Олимписките игри во Пекинг. Такаги постави нов олимписки рекорд – 1 минута и 13,19 секунди. Сребрениот медал го освои Холанѓанката Јута Лердам која беше 64 стотинки побавна зад победничката. Третото место и бронзата ја освои Американката Британи Боу. За Јапонија ова […]

Европарламентот шокиран од нацистичкиот поздрав на Џамбаски, ќе има санкции


  Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола ќе започне постапка за санкции против бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, кој беше снимен мавта со фашистички поздрав во салата на парламентот во средата вечерта. Европратениците од целиот политички систем беа шокирани од постапката на Џамбаски и реагираа со бес на неговиот гест додека одеше по скалите на хемициклот […]

Планини ѓубре посакуваат добредојде во Гази Баба, ги гледа ли Арсовска?


Фотографии од диви депонии на влезот во Општина Гази Баба споделија денеска од владејачката СДСМ, поради што тврдат дека градоначалничката на Скопје Данела Арсовска ја лаже јавнодат дека исчистиле 150 депонии за 82 дена. – Градоначалничката на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска не ја зборува вистината кога тврди дека исчистила 150 депонии во првите 82 […]

Плеврис: Логиката на земјите од ЕУ е во март да се укинат рестриктивните мерки


 Логиката на земјите-членки на Европската Унија е до средината или крајот на март да се укинат рестриктивните мерки, изјави  утрово министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. – Бидејќи минатата седмица одржавме состанок сите министри за здравство на Европската Унија, логиката на сите […]

Ако одите во Германија со дизел возило, внимавајте!


На старите патнички возила, во повеќе градови во Германија, забранет им е влез, а казната предвидена за тоа изнесува и до неколку илјади евра. На некои места дури, нема да поминете неказнето ни ако имате нов дизел автомобил. Во главниот град Берлин има места на кои е потполноз абрането да се вози дизел, а за […]

Алина Паш: Украинката нема да пее на Евросонг по обвинувањата дека нелегално го посетила Крим


Украина– Алина Паш пред неколку дена победи на украинскиот избор Видбир 2022. Требаше да ја претставува Украина на Евровизија со песната „Tini Zabutykh Predkiv“, но не повеќе. Во соопштение објавено на Инстаграм, таа го најави своето повлекување од Евросонг и јасно стави до знаење дека актуелната сага за нејзината посета на Крим во 2015 година […]

ЗОИ: Наслунд и донесе злато на Шведска во ски-крос


Шведската скијачка во слободен стил Сандра Наслунд го освои златниот медал во ски-крос на Олимписките игри во Пекинг. Канаѓанката Мариел Томпсон го освои сребрениот медал, додека Германката Даниела Мајер ја освои бронзата. Шведска по седмиот златен медал на ЗОИ 2022 се искачи на четвртото место во поредокот на земјите освојувачи на одличја. Пред Шваѓаните се […]

Почина портпаролката на Ангела Меркел


  Портпаролката на поранешната канцеларка Ангела Меркел, Мартина Фиц почина по тешка болест, соопшти германската влада. Фиц на 29 октомври за последен пат седеше покрај Меркел на последната прес-конференција за новинари на поранешната канцеларка. Портпаролот на германската влада Стефан Хебештрајт соопшти дека Фиц починала по кратка, но тешка болест. Според пишувањето на „T-Online“ Фиц имала […]

Колку се платени освојувачите на медали на Зимските олимписки игри во Пекинг?


Кина– Унгарскиот лизгач во брзо лизгање Шаолин Шандор Лиу се чинеше дека освои злато на трката на кратки патеки на 1000 метри, исход што на неговата земја ќе ѝ го дадеше првото поединечно злато на Зимските олимписки игри и на Лиу значителен бонус. Но, по прегледот, Лиу гледаше како судијата проценува два пенали кои му […]

(Видео) Џамбаски со нацистички поздрав во ЕП


Европратеникот и новоизбраниот копретседавач на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, синоќа предизвика скандал со нацистички поздрав во пленарната сала на Европскиот парламент во Стразбур, по што беше предупреден од претседателката на ЕП Роберта Мецола дека може да биде строго казнет. L’eurodeputato bulgaro Angel Dzhambazki (gruppo dei Conservatori e Riformisti ECR, di cui fa parte Fratelli d’Italia) al […]

Првиот модел со Даунов синдром на „Викторија’с сикрет“ е Порториканка


САД– Софија Жирау влезе во историјата како прва манекенка на Викторија’с сикрет со Даунов синдром, откако им се придружи на 17 други жени во лансирањето на новата кампања на брендот. Софија Жирау, 25-годишна порториканска манекенка и активистка, им соопшти на своите обожаватели и следачи дека учествува во новата кампања на американскиот бренд за долна облека, […]

ЗОИ: Еден-два победа за Швајцарија во женската алпска комбинација


 Швајцарката Мишел Гисин го освои златото во супер комбинација на Олимписките игри во Пекинг. Таа оствари најдобро време по трките во спуст и слалом. Сребрениот медал го освои сонародничката на Гисин, Венди Холденер. Третото место е за Федерика Брињоне. Гизин стана двократен олимписки шампион. Таа, претходно, го освои своето прво олимписко злато во супер комбинација […]

Норвешка одби да испрати војници во Источна Европа


Норвешка не планира да испрати дополнителни војници во Источна Европа кои ќе бидат стационирани како дел од контингентот на НАТО, соопшти норвешкиот министер за одбрана Од-Роџер Еноксен. – Имаме ограничени ресурси. Наша најважна задача е да ја следиме ситуацијата на северот. И второ, придонесуваме како дел од силите на НАТО во Литванија. Немаме цел да […]

ЗОИ: Хокеарките на Канада подобри од САД во натпреварот за златниот медал


Женската репрезентација на Канада го освои златниот медал на хокеарскиот турнир на Олимпијадата во Пекинг. Канаѓанките рано утрово ги совладаа своите ривалки од САД со 3:2 (2:0; 1:1; 0:1). Двоен стрелец за победничката репрезентација беше Мари-Филип Пулен, еднаш погоди Сара Нерс. За Американките реализираа Хилари Најт и Аманда Кесел. За Канада ова е петти златен […]

(Видео) Голема бура во Германија, во Берлин вонредна состојба


Бурата Иленија ја погоди Германија во текот на ноќта, посебно северните и источните делови, а зад себе остави паднати дрвја, уништени покриви од куќи. Откажани се бројни летови, а железницата „Дојче бан“ го прекина сообраќајот во неколку сојузни држави. Германската метеоролошка служба издаде црвени предупредувања за северот на земјата се до денеска навечер. Најавуваат можност […]

Состанок на министрите за финансии на Г-20


Индонезија– Министрите за финансии од Групата 20 најразвиени економии во светот (Г20) денеска започнаа дводневен состанок на кој ќе разговараат за стратегиите за надминување на глобалното економско забавување предизвикано од пандемијата на коронавирусот. Разговорите меѓу министрите за финансии на Г-20 и гувернерите на централните банки се одржуваат во хибриден формат поради загриженоста дека ширењето на многу заразната варијанта омикрон и зголемената […]