ЗОИ: Олимписки рекорд за јапонската лизгачка Такаги


Јапонката Михо Такаги го освои златото во брзо лизгање на 1 000 метри на Олимписките игри во Пекинг.

Такаги постави нов олимписки рекорд – 1 минута и 13,19 секунди.

Сребрениот медал го освои Холанѓанката Јута Лердам која беше 64 стотинки побавна зад победничката.

Третото место и бронзата ја освои Американката Британи Боу.

За Јапонија ова е трето злато на Игрите во Пекинг.