ЗОИ: Хокеарките на Канада подобри од САД во натпреварот за златниот медал


Женската репрезентација на Канада го освои златниот медал на хокеарскиот турнир на Олимпијадата во Пекинг.

Канаѓанките рано утрово ги совладаа своите ривалки од САД со 3:2 (2:0; 1:1; 0:1).

Двоен стрелец за победничката репрезентација беше Мари-Филип Пулен, еднаш погоди Сара Нерс. За Американките реализираа Хилари Најт и Аманда Кесел.

За Канада ова е петти златен медал на Олимпијадите. Претходно хокеарките на оваа земја победуваа на ЗОИ во 2002, 2006, 2010 и 2014 година.

САД не успеаја да го одбранaт златото освоено на претходната Олимпијада, во Пјонгчанг 2018 година