Почина портпаролката на Ангела Меркел


 

Портпаролката на поранешната канцеларка Ангела Меркел, Мартина Фиц почина по тешка болест, соопшти германската влада.

Фиц на 29 октомври за последен пат седеше покрај Меркел на последната прес-конференција за новинари на поранешната канцеларка.

Портпаролот на германската влада Стефан Хебештрајт соопшти дека Фиц починала по кратка, но тешка болест.

Според пишувањето на „T-Online“ Фиц имала рак. Пред доаѓањето во информативната служба на германската влада Фиц работела за повеќе германски медиуми, меѓу кои и за медиумите на групацијата „Аксел Шпрингер“

Таа во тимот владини протпароли влезе во април 2018 година како заменичка на главниот портпарол на Меркел, Стефан Сајберт.