Ако одите во Германија со дизел возило, внимавајте!


На старите патнички возила, во повеќе градови во Германија, забранет им е влез, а казната предвидена за тоа изнесува и до неколку илјади евра.

На некои места дури, нема да поминете неказнето ни ако имате нов дизел автомобил.

Во главниот град Берлин има места на кои е потполноз абрането да се вози дизел, а за патување во многу европски градови, па и во Германија, ќе ви биде потребна посбна вињетка. Секако, не бесплатно и ќе ја добиете само ако имате релативно нов автомобил.

Бумот во продажбата на електрични автомобили не е резултат само на растечјата љубов кон животната средина, туку у фактот што наскоро нема да биде можно да се користат автомобили со внатрешно согорување. Во многу делови на Европа, дизел автомобилите, па и оние кои ги исполнуваат највисоките стандарди (Еуро 6), веќе се забранети. Може да влезете во тие зони со која и да сакате кола, но ќе мора да платите огромна казна.

Тоа се таканаречени сини зони, односно зони на забрането влегување за дизел возила. Во Германија се воведуваат привремено, ако во одреден град се надмине нормата за издувни гасови и прашина во воздухот.

Во постојаните „зелени зони“ и понатаму ќе влегувате со дизел возила, но само со оние со соодветна зелена вињетка, која во моментот се доделува на автомобили произведени по октомври 2006 година, со издувен стандард од Еуро 4.

Кои се казните ако ја занемарите забраната?

Во Германија, ако немате вињетка, се изрекува казна од 80 евра, во франција од 68 до 450 евра, во белгија од 150 до 350 евра, наведува green-zones.eu. Во Австрија и во Данска постојат забрани, но тие се однесуваат само на камиони и комбиња.

Но, немаме сите нов автомобил пропишан со закон, а таков одмор може да биде многу скап. Сепак, овие казни можат да се избегнат.

Постојат апликации за следење на патиштата во смисла на „еколошка ефикасност“, како што се зелени зони, кои овозможуваат слободен пристап на поединечни корисници. Благодарение на тоа може да го планираме патувањето и да ги избегнеме чувствителните подрачја. Може да купиме вињетка однапред.