Денеска 1.117 нови случаи на Ковид-19, починаа 22 пациенти


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 3.513 тестови, а регистрирани се 1.117 нови случаи на ковид-19, при што најголем број нови случаи има во Скопје – 575, Велес – 63 и Куманово – 56. Од вкупниот број на позитивни лица, регистрирани се 154 […]

Камила Валиева остана без медал во уметничко лизгање


  Официјално, светската шампионка го зеде златото и на Олимпијадата – Ана Шчербакова го направи тоа. И Каори Сакамото ја задржа бронзата. Толку заслужено, таа не погреши во ниту еден настап и покрај тоа што не уживаше во квадрите што Русите – особено Александра Трусова – можат да ги направат кога сакаат. Трусова беше феноменална […]

На аеродромот во Тирана запленети над милион фалсификувани евра, уапсен Камерунец


На меѓународниот аеродром во Тирана спречен е обид за внес на над милион фалсификувани евра во различни апоени, при што упасен е државјанин на Камерун, јави дописничката на МИА од Тирана.   „Полицискиот комесаријат на аеродромот ‘Ринаси’, во соработка со специјалците од отсекот за истрага на економски и финансиски криминал во УЈП – Тирана, по добиена […]

Мурати: Висок степен на реализираност на минатогодишниот Оперативен план за вработување


Директорот на Агенцијата за вработување, Беким Мурати, денеска во рамки на работната посета на Охрид оствари средба со раководителот на Центарот на Агенцијата, Елведина Дика, со која разговараше за реализираниот Оперативен план за самовработување во 2021 година, како и за мерките што во таа насока ќе се преземаат во наредниот период. Мурати истакна дека Агенцијата […]

Со далекуводот Битола-Елбасан стануваме балканска крстосница за дистрибуција на електрична енергија


Далекуводот од ТС „Битола 2“ до македонско-албанската граница, инвестиција во износ од 17,2 милиони евра, има регионална стратешка и капитална вредност која овозможува поврзување на електропреносните системи на Северна Македонија и на Албанија, истакна премиерот Димитар Ковачевски на денешниот промотивен настан во Битола. Според премиерот Ковачевски, со новата енергетска врска се заокружува процесот на поврзување […]

Петличковски: Голем дел на високата смртност од Ковид-19 се должи на нашето запоставено здравје


Во ниеден контекст не можам да кажам дека зголемената смртност од Ковид-19 е резултат на непочитување на протоколите. Мислам дека голем дел на високата смртност се должи на нашето запоставено здравје, истакна денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски. Според Петличковски, сите здравствени работници најдобро се обидуваат да се справат со Ковид-19. -Во ниеден […]

Викерс: Ќе продолжиме да градиме уште посилни трговски врски со Северна Македонија


Ќе продолжиме да градиме уште посилни трговски врски, а меѓу секторите за проширување на партнерствата се проектите за обновливи извори на енергија, инфраструктура, животна средина и управување со отпад, како и алтернативни и зелени финансии, најавува Мартин Викерс, трговски претставник на премиерот на Обединетото Кралство за Западен Балкан во Северна Македонија. Во тек на тридневната […]

Ковачевски вели дека плаќаме најевтина струја и имаме најнизок пораст на цената


Енергетската криза која што ја имаме е предизвикана од екстерен фактор. Се работи за европска енергетска криза која што јас ја нарекувам финансиско-енергетска, бидејќи електрична енергија има, меѓутоа нејзината цена е неколкукратно зголемена, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски од Битола. Нагласи дека во нашиот електроенергетски систем 30 години не е вложено во нов капацитет ако […]

Бесими: Минималната плата е предвидена и во администрацијата, растот на другите плати и пензиите ќе се бара преку дијалог


Финансиите се стабилни и во наредниот период се земаат предвид сите ризици за тие да останат на стабилно ниво. Во Буџетот има доволна ликвидност и реализацијата на буџетските приходи, иако сме на почеток на годината, се согласно проекциите. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за Топ тема на ТВ Телма, осврнувајќи […]

Франка Потенте: Како го направивме „Трчај Лола трчај“


„Морав да спринтам низ Берлин со пар чизми ‘Д-р Мартинс’ – и тогаш пушев по две кутии дневно“, вели германската актерка од култниот филм што одреди правец во кинематографијата Подолги години лондонски „Гардијан“ објавува приказни во прво лице еднина за тоа како биле снимени или направени некои од познатите и култни дела во уметноста, музиката, […]

„Златна мечка“ за шпанскиот „Алкарас“ на Карла Симон


Шпанскиот филм „Алкарас“ на режисерката Карла Симон ја освои престижната Златна мечка за најдобар филм на 72. Берлинале што заврши вечерва. Филмот е приказна за последиците од економската криза врз семејство кое ќе го загуби овоштарникот со праски во селото  Алкарас во регионот Каталонија. Претходниот филм на Симон, „Лето 1993“ за семејство кое има ХИВ-позитивно […]

Почнаа провокациите на фронтот во Украина – гранатирана градинка, нема повредени


  МОСКВА/КИЕВ – Бунтовниците поддржани од Русија и украинските сили во четвртокот разменија обвинувања за истрелување гранати преку линијата за прекин на огнот во источна Украина, а Киев рече дека инцидентите изгледаат како „провокација“ во време кога Русија има трупи насобрани на границата. Москва ги негира обвиненијата на Западот дека планира да изврши инвазија на […]

(Видео) КЗЗ: Утре почнува скринингот во основните училишта


Тимови и здравствени работници се обезбедени, да почнат со скрининг за Ковид-19, во основните училишта од утре, соопшти портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести, Злате Mехмедовиќ. Според него, во моментот, во основните училишта има повеќе деца со Ковид-19, за разлика од средните училишта, каде ситуацијата е помирна. Затоа утре ќе се почне со […]

АХВ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за квази стручно вознемирување за птичјиот грип, ги чека финалните резултати


Најостро го осудуваме денешниот обид на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение непотребно да ја вознемири јавноста, бомбастично, квази стручно, пласирајќи ја информацијата за појава на птичји грип во земјава и за наводното непреземање мерки, реагира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). -Агенцијата за храна и ветеринарство ги чека финалните резултати од дополнителните молекуларни тестирања на база на […]

Израел ги укина ковид сертификатите


Израел – Израел   целосно ги укина ковид сертификатите, што е продолжение на трендот на укинување на мерките против Ковид-19, со оглед на тоа што бројот на новозаразени се намалува изминатите денови. Ковид сертификатите со кои се докажува дека некое лице е вакцинирано, прележало Ковид-19 или има негативен тест, веќе се делумно укинати во Израел од 4 […]

Ќе продолжи поддршката од три денари за оризова арпа


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска соопшти дека ќе продолжи поддршката од три денари за оризова арпа. Во тек се, рече Николовски, инспекциските контроли кои треба да утврдат уште колку неоткупен ориз е останат, за кој поддршката е веќе исплатена. Целта е да се елиминираат евентуалните манипулации за кои алармираа земјоделците. -Сакаме […]

Матичните лекари утре штрајкуваат, нема да издаваат упати и рецепти


Матичните лекари утре ќе протестираат, најавувајќи дека утре не планираат да издаваат рецепти, ниту упати од „Мој Термин“, а ќе примаат само итни случаи. Велат дека итно бараат основен пакет на услуги за пациентите, зголемување на капитацијата, како и да нема казни за матичните лекари за административни пропусти во пандемија. Матичните бараат и воведување на […]

Диџеј Тиесто во Скопје на 16 јуни на стадионот на АРМ


Најголемиот регионален настан на електронска музика ова лето ќе се случи во Скопје со најголемата и најконзистентна ѕвезда на електронската музика на сите времиња, Тиесто. Тој доаѓа во Скопје на 16 јуни на стадионот на АРМ, во организација на „Авалон“. На светската музичка сцена Тиесто важи за многу повеќе од диџеј и продуцент, статус што […]

Опозициските пратеници ја напуштија свечената седница на косовското Собрание


Пратениците на трите најголеми опозициски партии во Собранието на Косово ја напуштија денешната свечена седница по повод Денот на незавианоста, во знак на протест поради зчоупотреба на собраниската говорница од страна на премиерот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина. Откако неколку пати му дофрлија да престане со пропагандата за наводните успеси на неговата […]

ЗОИ: Норвешката штафета најбрза во нордиска комбинација


Машката репрезентација на Норвешка е победник е победник во нордиска комбинација машка конкуренција 4×5километри крос-кантри. Вкупното време на победниците е 50:45.1 минути. Во норвешкиот тим беа: Еспен Андерсен, Еспен Бјорнштад, Јенс Ефтербо и Јорген Грабак. Второто место го освои Германија со 54,9 секунди заостанување, трети беа Јапонците со 55,2 секунди послаб резултат од победничкиот тим. […]