ЗОИ: Норвешката штафета најбрза во нордиска комбинација


Машката репрезентација на Норвешка е победник е победник во нордиска комбинација машка конкуренција 4×5километри крос-кантри.

Вкупното време на победниците е 50:45.1 минути.

Во норвешкиот тим беа: Еспен Андерсен, Еспен Бјорнштад, Јенс Ефтербо и Јорген Грабак.

Второто место го освои Германија со 54,9 секунди заостанување, трети беа Јапонците со 55,2 секунди послаб резултат од победничкиот тим.

За норвешкиот тим ова е 14. златен медал на Игрите во главниот град на Кина. Така Норвешка го повтори својот најдобар резултат по бројот на Златни медали на Зимските олимписки игри поставен во Пјонгчанг во 2018 година.