Диџеј Тиесто во Скопје на 16 јуни на стадионот на АРМ


Најголемиот регионален настан на електронска музика ова лето ќе се случи во Скопје со најголемата и најконзистентна ѕвезда на електронската музика на сите времиња, Тиесто. Тој доаѓа во Скопје на 16 јуни на стадионот на АРМ, во организација на „Авалон“.

На светската музичка сцена Тиесто важи за многу повеќе од диџеј и продуцент, статус што го заслужи уривајќи ги сите рекорди за секое негово издание.

Tиесто во последниве неколку години ги носи титулите, „The Pope of EDM“ и „The greatest DJ of all time“, според магазинот Mixmag, „No. 1 DJ“ според магазинот Rolling Stone и „The Godfather of EDM“ според Billboard.

Влезниците за овој ексклузивен концерт кој ќе биде со ограничен капацитет ќе бидат пуштени во продажба од утре, 18  февруари во 9 часот  преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории:

 

ПАРТЕР: 1.500 денари

ФАН ПИТ: 2.000 денари (само  1.000 влезници во продажба)

ВИП: 3.000 денари (само 300 влезници)