Ќе продолжи поддршката од три денари за оризова арпа


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска соопшти дека ќе продолжи поддршката од три денари за оризова арпа.

Во тек се, рече Николовски, инспекциските контроли кои треба да утврдат уште колку неоткупен ориз е останат, за кој поддршката е веќе исплатена. Целта е да се елиминираат евентуалните манипулации за кои алармираа земјоделците.

-Сакаме да се констатира фактичката состојба. Тоа ќе го знаеме следната недела кога Државниот инспекторат ќе ги заврши контролите на терен. Ќе знаеме точно за колкава количина неоткупен ориз разговараме. Нашите анализи покажуваат дека ќе има околу 15.000 тони кои остануваат. Владата и Министерството се подготвени да ја продолжат оваа мерка и еве, најавуваме дека ќе биде продолжена, но дополнително ќе одлучиме дали преку КОВИД пакетот или преку Програмата за директни плаќања, напомена Николвоски.

Тоа, според него, било и единственото барање на средбата со оризопроивзодитеите во Кочани.