Денеска 1.117 нови случаи на Ковид-19, починаа 22 пациенти
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 3.513 тестови, а регистрирани се 1.117 нови случаи на ковид-19, при што најголем број нови случаи има во Скопје – 575, Велес – 63 и Куманово – 56. Од вкупниот број на позитивни лица, регистрирани се 154 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 8 починати лица од Скопје (66г, 75г, 75г, 76г, 77г, 81г, 82г и 85г), две починати лица од Битола (68г и 78г) и по едно од Куманово (89г), Прилеп (80г), Виница (72г) и Неготино (65г). Од пријавените лица 13 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица на возраст од 66 до 86 години од: Скопје (2), Штип (1), Радовиш (1), Битола (1), Тетово (1), Делчево (1) и Богданци (1). Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 15.02.2022.
Од вкупниот број на починати лица, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 1.059 оздравени пациенти од ковид-19 во текот на изминатово деноноќие.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 290.915, бројот на оздравени пациенти е 273.243, на починати е 8.851, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 8.821.