(Видео) КЗЗ: Утре почнува скринингот во основните училишта


Портпаролот на Комисијата за заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ

Тимови и здравствени работници се обезбедени, да почнат со скрининг за Ковид-19, во основните училишта од утре, соопшти портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести, Злате Mехмедовиќ.

Според него, во моментот, во основните училишта има повеќе деца со Ковид-19, за разлика од средните училишта, каде ситуацијата е помирна. Затоа утре ќе се почне со скринингот, а за таа цел, денеска родителите ќе добијат изјава за согласност, нивното дете да биде тестирано на Ковид-19.

– Од утре започнува скринингот во основните училишта каде е зголемен бројот на новозаболени од Ковид-19. Тоа беше аларм за иницираме ваков скрининг кој ќе покаже каква е трансмисијата на вирусот меѓу учениците – истакна денеска на прес-конференција портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ и додаде дека тоа е заклучок кој денеска на состанок го донела Комисијата.

Скринигот ќе се врши во училиштата, односно таму ќе се зема брис.

Според претседателот на Комисијата, Александар Петличковски, првично мислеле децата да се носат во здравствените домови, но решиле дека полесно е тимови од лекари да појдат во училиштата и да земат брис од одредени ученици.