Двете години пандемија ја чинеа германската економија 330 милијарди евра
Пандемијата на Ковид 19 го чинеше германскиот бруто домашен производ 330 милијарди евра во изминатите две години, што е еквивалентно на 10 отсто од БДП во периодот пред пандемијата 2019 година, пресмета Економскиот институт Ифо. Да не беше пандемската криза, економијата ќе пораснеше за 1,3 отсто во 2020 и 2021 година, објави во четвртокот Ифо. […]