„Пежо“ останува спонзор на Ѓоковиќ


Франција – Производителот на автомобили Peugeot, спонзор на Новак Ѓоковиќ, е среќен што тениската ѕвезда ја раскажа својата приказна за неговото протерување од Австралија и очекува неговото лого да биде на неговиот дрес кога ќе се натпреварува во Дубаи овој месец, извор близок до автомобилската компанија изјави за Ројтерс . Ѓоковиќ, светскиот машки тенисер број […]

Денеска средба Ковачевски- Мицотакис на маргините на безбедносната конференција во Минхен


Премиерите на Северна Македонија и Грција, Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис попладне ќе имаат средба во Минхен на маргините на Конференцијата за безбедност, што впрочем ќе биде и прва нивна средба, јави дописничката на МИА од Атина. Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека Мицотакис во текот на денешниот ден ќе оствари низа средби меѓу […]

ЗОИ: Финска во финале на хокеарскиот турнир


Хокеарите на Финска се пласираа денеска во финалето на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, откако ја совладаа Словачка со 2-0 (1-0, 0-0, 1-0). Финска поведе со голот на Сакари Манинен во првата третина и предноста ја чуваше до завршницата, кога Хари Песонен стави печат на триумфот и пласманот во финалето. За Финска ова е […]

Во невремето во Германија и во Полска загинаа петмина


  Најмалку пет лица загинаа во невремето што вчера и денеска беснее во повече европски земји на северот, а повредени се уште неколкумина. Две лица загинаа во бирата која зафати делови од Германија, каде паѓаа дрвја, имаше прекин на струјата и беше нарушен воздушниот и железничкиот сообраќај. Во централната германска сојузна покраина Саксонија-Анхалт загинаа две […]

Кинеска освои олимписко злато во слободно скијање


  Кинеската натпреварувачка во дисциплината слободно скијање Ејлин Гу освои олимписо злато, во дисциплината халфпајп. Таа победи со освоени 95,25 бодови, и така дојде до трет медал на игрите во Пекинг. Претходно освои злато во бир ер, а во слопстил беше сребрена. Олимписката шампионка од Пјонгчанг, Канаѓанката Кеси Шарп дојде до сребрениот медал со 90,75 […]

Русија соопшти за ново повлекување на своите сили околу Украина


Русија денеска соопшти дека почнала да повлекува уште тенкови и други оклопни возила од областите во близина на границата со Украина, по спроведувањето воени вежби кои предизвикаа загриженост кај Западот, пренесе Бгнес. – Нов воен воз кој превезува персонал и воена опрема на тенковските армиски единици на Западниот воен округ се врати во постојаните бази во Нижни […]

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови


Најниска температура во земјава изутринава е измерена во Берово -3, на Попова Шапка -2 и во Дебар -1, нула во Скопје-Петровец, Битола, Претор, Охрид, Тетово, Крива Паланка, Струмица. На останатите места насекаде е над нулата, а максимални шест степени се измерени во Дојран, соопшти УХМР. Во Маврови Анови наврна најмногу снег, 28 сантиметри, на Попова […]

Пожар на траект што пловел од Грција за Италија со над 250 патници


Грција – Пожар избувнал на траект додека пловел во близина на грчкиот остров Крф, а тргнал од Грција кон Италија со околу 230 патници и 50 членови на екипажот, кои го напуштиле бродот и се евакуирале во чамците за спасување, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, акцијата за спасување е во тек, […]

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ одбележува 72 години постоење


Со претставата „Кир Јања“ од Јован Стерија Поповиќ, во режија на Аце Михајловски, на денешен ден  во 1950 година, точно пред 72 години, Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ го означи постоењето како значајна институција во македонската театарска уметност. Во досегашното опстојување, Прилепскиот театар прикажал над 360 премиери, одиграни се преку 7.000 претстави кои ги гледале повеќе […]

Гала оперски концерт „ARIGATO“ на сцената на Националната опера и балет


На сцената на Националната опера и балет вечерва ќе се одржи гала оперски концерт, насловен „ARIGATO“, што во превод од јапонски јазик значи „благодарам“, во знак на благодарност по повод реализацијата на проектот од јапонската програма за развој на културата – „Проект за подобрување на музички инструменти, опрема за озвучување и осветлување на Национална опера […]

Седмо издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“ 2022


Францускиот институт во Скопје денеска го организира седмото издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“ 2022. Годинашното издание, кое се одржува со почеток во 19 часот во „Europe House Skopje“ и на платформата „Зум“, го носи насловот „Што по пандемијата?“, а целта е да се проговори за обновата на општествата соочени со комплексните предизвици во […]

Бред Пит, Анџелина Џоли и руски олигарх- војната за винаријата ескалира


САД- Новата тужба во која се обвинува Анџелина Џоли дека му работи зад грб со „незаконски“ деловен договор има се: грозје, гнев и руски олигарх. Во својата жалба поднесена во четвртокот во Лос Анџелес, Пит ја обвинува Џоли дека тајно ја продала својата половина од контролниот интерес на поранешниот пар во нивната позната француска винарија Шато […]

Прв состанок за зголемување на пензиите


Првиот состанок за најавеното зголемување на пензиите се очекува да се одржи денеска, а на него, според најавите, треба да учествуваат сите засегнати страни кои низ дијалог ќе го донесат најприфатливото решение. На состанокот, како што изминатите денови најавија премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, ќе се разговара за можноста за […]

Гир во посета на Крива Паланка по повод првиот роденден на „Куќата на Европа“


Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска ќе ја посети Крива Паланка по повод првиот роденден на „Куќата на Европа“. Гир ќе се сретне со градоначалникот Сашко Митовски, а потоа двајцата ќе присуствуваат на целодневната роденденска програма на „Куќата на Европа“. Најавено е присуство и на амбасадорката на Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон и на амбасадорот на Бугарија, Ангел […]

Следната седмица во Скопје состанок на експертско ниво, да не се создава притисок со рокови кај заедничката историска комисија


Да не се создава притисок со рокови кај Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, туку целта е да се создаде процес на доверба за решавање на спорните прашања. Следниот состанок на експертско ниво меѓу двете министерства за надворешни работи ќе се одржи во Скопје на 23 февруари, изјави вчера […]

Почнува скринингот за Ковид во основните училишта, препораките за лекување на веб страницата на МЗ


Во основните училишта денеска почнува скринингот кој ќе покаже каква е трансмисијата на Ковид-19 меѓу учениците. Скринингот се спроведува поради зголемениот број новозаболени ученици. Во средните училишта, состојбата е стабилна, но ќе се следи. Скринингот ќе го спроведат тимови од здравствени работници кои согласно методологијата што е утврдена ќе ги соберат податоците, кои ќе бидат […]

Овој редок син дијамант би можел да биде најскапиот скапоцен камен продаден на аукција


Што ќе ви донесат 50 милиони долари на аукција? Минатиот месец Sotheby’s ја продаде сликата на Сандро Ботичели „Човекот на тагата“ за 45,5 милиони долари, а денес објави дека нуди уште едно ремек дело кое вреди најмалку 48 милиони долари: редок фенси, живописен син дијамант од 15,10 карати. Колку е редок и необичен овој скапоцен […]

Сончево и ветровито


Наутро во централните делови и вдолж Повардарието ќе биде умерено до значително облачно. Во текот на претпладнето облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 18 февруари 2022 година, 49-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 316 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 27 минути, а ќе зајде во 17 часот и 8 минути. Денов трае 10 часа и 41 минута. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

Ѓоковиќ: Тешко е да се заборави, но сакам да се вратам некогаш и да играм во Австралија


Новак Ѓоковиќ даде интервју за Српската радио телевизија, што е второ негово интервју откако беше исфрлен од Австралија пред почетокот на Австралија опен, турнир кој го освои рекордни девет пати. Претходно тој разговараше со репортерот на Би-Би-Си кому му кажа дека не е антиваксер, но дека не сака да се вакцинира и дека е подготвен […]